Претходно
Вегетаријански бургери од киноа и спанаќ
Овие бургери од спанаќ и киноа се вкусни, вегетаријански и полни со протеини и хранливи материи. Погледнете го рецептот и направете ги уште денес.
Потребни состојки:
- 150 г неварена киноа
- 450 милилитри вода
- 4 јајца
- 120 г пармезан или по избор
- 2 китки млад кромид
- 3 чешниња лук
- 150 г спанаќ на пареа
- 150 г лебни трошки
- 1 лажичка маслинов зејтин
Начин на подготовка:
- Исплакнете ја киноата и ставете ја во сад заедно со водата. Гответе за 20 минути.
- Потоа комбинирајте ги изматените јајца, киноата, пармезанот, сечканиот млад кромид, истолчениот лук, спанаќот и лебните трошки. Оставете за неколку минути за да се апсорбира течноста. Смесата треба да биде влажна. Потоа формирајте бургери.
- Загрејте го зејтинот во голема тава на среден оган. Гответе ги бургерите покриени за 8 до 10 минути од секоја страна. Треба да добијат златна боја. Потоа уживајте и добар апетит!
Погледнете го и овој рецепт за полнет модар патлиџан подготвен на здрав начин.