Вегетаријанска чорба од зелка, коприва и див лук
Оваа чорба е идеална за предјадење или лесен ручек
Потребни состојки:
- 100 грама коприва
- 100 грама зелка
- 100 грама див лук
- 1 голем компир
- Прстофат магдонос
- Прстофат целер
- Прстофат сол
- Прстофат бибер
- Масло
Начин на подготовка:
Исчистете ги копривата, зелката и дивиот лук. Кога работите со коприва, користете гумени ракавици за да ги заштитите дланките. Ставете ги состојките во тенџере и прелијте ги со врела вода. Потоа исцедете ги и ситно исечкајте ги.
Излупете го компирот и исечете го на мали коцки.
На дното на тенџерето ставете малку масло и пропржете го компирот. Кога ќе омекне додајте ги копривата, зелката и дивиот лук. Додавајте и вода додека не ја добиете посакувана густина на чорбата. Ставете ги и зачините, па оставете да се вари додека не омекне компирот.
На крај можете да додадете тарана или некои други тестенини, како и овесни снегулки. Ако не сакате тесто или житарици, можете да додадете јајце, а ако сакате кисела чорба додајте кисела павлака или сок од лимон.
Пробајте го и овој рецепт за вегетаријанска лазања.