Вегански чоколадни бомбици од 3 состојки, готови за само 10 минути
Доколку немате многу време за готвење, сакате десерт чии состојки не се базираат на млечни производи, а се вкусни – ова е вистинскиот рецепт за вас. Овие намирници сигурно ги имате во домот, па одвојте 10 минути и почестете се со овој лесен и брз рецепт.
Потребни состојки:
- 120 грама ореви
- 200 грама урми
- 2 лажици какао
Начин на подготовка
Најпрво ставете ги оревите во блендер и мелете додека не забележите дека сте добиле смеса во прав. Додајте ги урмите и какаото и мелете додека не се добие изедначена смеса.
Со влажни раце обликувајте ја смесата во вид на топчиња, а доколку е многу леплива и тешко се обликува, во неа додајте уште малку мелени ореви и оставете ја во фрижидерот 10-15 минути.
Уживајте!
Овие мали колачиња можете да ги менувате по свој вкус, па така наместо ореви можете да употребите бадеми или лешници, а дополнително можете да ги збогатите со разни семки, суво овошје или цимет. Доколку сакате да бидат послатки, додајте им јаворов сируп или ванилин шеќер. Ова се само некои опции за дополнување, но сигурни сме дека ќе бидете воодушевени и од оригиналниот рецепт.
Прочитајте го и овој рецепт за највкусниот колач со кафе што не се пече.