Претходно
Вегански бургери од наут и тиква
Одличен рецепт за време на есенските и зимските месеци! Овие бургери од наут и тиква се толку вкусни што ќе го импресионираат секој што ќе ги проба!
Потребни состојки:
- 250 г зготвен наут
- 250 г пире од тиква
- 60 г сечкам кромид
- 30 г сечкан магдонос
- 1 и 3/4 лажички лук во прав
- 1 лажичка ким
- 1/4 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка сол
- половина цеден лајм
- микс од 2 лажици ленено семе + 1 и 1/2 половина лажици вода или користете јајце ако не сте вегани
- 95 г брашно од спелта
- 280 милилитри растително млеко
- 130 г лебни трошки
Начин на подготовка:
- Во блендер ставете ги веќе зготвениот наут и блендирајте го. Потоа додадете го пирето од тиква.
- Додадете го кромидот и магдоносот и промешајте, а потоа додадете ги зачините и сокот од лајм. Блендирајте.
- Полека додавајте го млекото и мешајте додека не добиете кремаста смеса.
- Додадете го брашнотои направете добро тесто.
- Потоа направете мали бургери и секој бургер треба да го поминете добро од двете страни во тањир со лебни трошки.
- Пржете ги на тивок оган и во тава со 2-3 лажици масло.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за вегетаријански бургери од киноа и спанаќ.