Важни нешта што треба да ги знаете за хроничната несоница
Најверојатно сметате дека станува збор за хронична несоница само во случаи на екстремен недостаток од сон. Но постојат разни шеми на испрекинат сон кои можат да бидат предизвикани од хронична несоница.
Иако ова нарушување има влијание врз луѓе кои воопшто не можат да спијат, хроничната несоница вклучува и симптоми кои траат подолг период, односно, симптоми кои се повторуваат 3 пати неделно во текот на еден месец или подолго.
Кои се најчестите причини за ова нарушување?
Појавата на хроничната несоница зависи од многу фактори. Вашиот циклус на спиење може да биде испрекинат од многу нешта – од фактори во опкружувањето како загадување со звук, па сè до проблеми со физичкото и менталното здравје.
Нарушувањето може да биде предизвикано и од злоупотреба на дрога и алкохол, психолошки проблеми како депресија и анксиозност, физички заболувања и лоши навики за спиење. Покрај тоа, и животните навики имаат голема улога во појавата на несоницата. Пиењето премногу алкохол или кафе, особено пред спиење, може да ја активира хроничната несоница. Исто така претераната употреба на електронски направи пред спиење може да го стимулира мозокот и да има лошо влијание врз сонот.
Кои се последиците од хроничната несоница?
Испрекинатото спиење може да има навистина лошо влијание на вашето здравје. Недостатокот од одмор му создава притисок на телото. Хроничната несоница може да претставува проблем во многу аспекти од животот, како на пример желбата за секс, меморијата и способноста за расудување. Исто така, кога нивото на енергија ви е ниско може да чувствувате анксиозност, депресија или раздразливост.
Како да ја лекувате хроничната несоница?
Лекувањето може да биде со терапија, апчиња за спиење препишани од лекар или апчиња за пиење што се издаваат без рецепт. Лекарите препорачуваат апчињата да бидат последен избор за лекување на несоницата бидејќи можат да предизвикаат зависност.
Еден од најефективните начини за справување со хроничната несоница е когнитивно-бихејвиоралната терапија. Со нејзина помош можете да го промените однесувањето што ја предизвикува вашата хронична несоница. Некои од техниките што ќе ги научите за време на оваа терапија се вежби за релаксација, реконструкција и рестрикција. Со овие техники ќе се релаксирате, ќе заспиете и ќе спиете подолго.
Пробајте ги и овие ефикасни техники што ќе ви помогнат да се справите со несоницата.