Варено вино според рецептот на Џејми Оливер
Што е зимата, ако не совршено време за чаша варено вино. Еве како во домашни услови сами да го подготвите и тоа според рецептот на одличниот Џејми Оливер.
Потребни состојки:
- 2 шишиња црвено вино
- 2 мандарини
- 1 лимон
- 1 лимета
- 200 г шеќер
- 1 стапче цимет
- 6 каранфилчиња
- 3 свежи ловорови листа
- 1 рендано мускатно оревче
- 1 стапче ванила
Начин на подготовка:
Излупете поголеми парчиња кора од мандарините, лимонот и лиметата. Во поголемо тенџере, на средна температура, ставете го шеќерот да се стопи. Додадете ги претходно излупените кори од овошјето и исцедете го сокот од мандарините. Потоа, ставете ги каранфилчињата, стапчето цимет, ловоровите листови, изренданото мускатно оревче и преполовеното стапче ванила. Сето тоа полијте го со половина литар вино.
Ваквата смеса нека крчка сѐ додека шеќерот целосно не се растопи во виното и оставете да се вари сѐ додека не стане како сируп. Кога сирупот ќе е готов, намалете ја температурата и додадете го остатокот од виното. Промешајте и оставете го да се готви на тивок оган уште пет минути. Веднаш после тоа послужете го во чаши и уживајте во уникатниот вкус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.