Уживајте и слабејте: Рецепти за сладоледи што ќе ви го намалат обемот на струкот

Уживајте и слабејте: Рецепти за сладоледи што ќе ви го намалат обемот на струкот

Ако сакате да се разладите и да ослабете, не мора да се откажете од омилениот летен десерт. Сè што треба да направите е да го пробате овој домашен сладолед со „магични“ состојки кој има моќ да ви го намали обемот на струкот. Постојат две варијанти од истиот рецепт. Ние ќе ги споделиме и двете, а на вас останува да го одберете омилениот!

1. Сладолед од лубеница

Потребни состојки:
  • 1/2 мала лубеница
  • 2,3 гранчиња нане
Начин на подготовка:

Отстранете ја кората и исечете ја внатрешноста на лубеницата на парчиња, па ставете ја во блендер. Исечкајте ги ливчињата нане, додајте ги во блендерот и матете додека не добиете мазна смеса. Ако тестото е премногу густо, додајте малку вода. Сипете ја смесата во калапи за сладолед и ставете ја во замрзнувач.

2. Егзотичен сладолед

Потребни состојки:
  • 1/2 ананас
  • 1 краставица
  • 1 јаболка
  • 100 грама свежи листови спанаќ
  • 1 гранче свежо нане
Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете. Ако смесата е прегуста, додајте малку вода и продолжете со матење. Сипете ја добиената смеса во калапи за сладолед, па оставете ја да се олади во зармзнувач.

Освежителен рецепт: Пробајте го и овој здрав сладолед од јагоди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар