Уредување на просторот: Претворете ја спалната соба во совршено катче за одмор!

Уредување на просторот: Претворете ја спалната соба во совршено катче за одмор!

Вашата спална соба треба да биде вашето светилиште. Начинот на кој собата е дизајнирана и нејзиниот декор се од исклучителна важност за сонот и одморот кој толку многу ви е потребен. По долгиот ден, спалната соба е местото кое треба ви ја понуди потребната релаксација и смиреност и да ве однесе во земјата на соништата. Затоа, претворете ја вашата спална соба во совршена оаза.

0-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk

1. Мек тепих

Кога ќе ги протегнете нозете наутро и кога ќе станете од креветот, убаво е да допирате нешто меко, наместо груб ладен под. Започнете го утрото правилно така што ќе ве инвестирате во некое мало, меко тепихче.

1-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk 2-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk

2. Цвеќиња покрај креветот

Чувањето свеж букет во спалната, не само што ќе им предизвика сензација на вашите мирисни сетила додека спиете, туку и ќе придонесе собата да изгледа уште помирно и поскопокојно. Внесувањето малку природа во спалната ќе ви помогне да се ослободите од стресот на крајот од денот и да се будите покрај навистина убава глетка.

3-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk 4-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk

3. Нежно осветлување

Ако се обидувате да ја направите вашата соба што е можно поудобна, тогаш плафонското светло нема да помогне во тоа. Наместо тоа, побарајте мала ламба – закачена на ѕид или столна ламба. Мора да биде доволно светла за да можете да читате во кревет, но не премногу силна или флуоресцентна.

Совет плус: Сѐ што е со потенциометар е идеално.

5-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk7-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk

4. Уметност која инспирира

Декорот во спалната соба е многу важен и тој мора многу внимателно да се одбира – особено кога станува збор за уметничките дела. Овие слики ќе бидат првото нешто што го гледате наутро и последното нешто што го гледате навечер, па затоа бидете сигурни дека навистина многу ќе ви се допаѓаат пред да ги поставите. Одберете слики кои ви предизвикуваат пријатни чувства – среќа, надеж, освежување… Вашата спална соба треба да биде место за одмор и релаксација. Треба да се радувате кога ќе влезете во неа, а овие мали и едноставни промени можат многу да направат за вашето здравје.

8-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk6-ureduvanje-na-prostorot-pretvorete-ja-spalnata-soba-vo-sovrsheno-katche-za-odmor-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар