Улогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?

Улогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?

Пред само 1 месец, безгрижно водевме нормален живот. Сега, мајките се наоѓаат во ситуација кога треба да балансираат меѓу семејството, домот, емоциите, но и работата – сите во исто време.

Улогата на жената никогаш не била потешка: Дали мајките можат да го издржат емоционалното преоптоварување во светот на изолација?

Пандемијата на коронавирусот ги смени буквално сите аспекти на нормалниот живот за многу кратко време. Пред само 1 месец, децата одеа на училиште, луѓето одеа редовно на работа, имаше рутина која беше сосема нормална за сите нас. Се будиме, се подготвуваме и ги извршуваме нашите редовни обврски. Сега кога сите сме дома и се обидуваме да се справиме и да издржиме во овој нов „нормален“ свет.

За некои ‘среќници’ кои работат од дома, оваа нова нормала вклучува балансирање со работните обврски и емоциите поради социјалната дистанца. Сепак, мајките имаат уште многу други обврски и оптоварувања.

Со години се тврди дека жените се, всушност, оние кои го одржуваат целото семејство и дефинитивно се емотивно презаситени.

Сепак, промените предизвикани од пандемијата го зголемуваат товарот.

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, го сфатил ова и решил да им се заблагодари на сите жени, особено на мајките и наставниците, што носат таков товар на грбот. Тој искажал длабока почит кон сите мајки и наставници, кон сите оние жени кои се грижат за децата, сфаќајќи колку е тоа стресно.

Според него мајките веќе имаат огромен товар да го задржат семејството заедно. Покрај тоа, тие работат, а многу од нив се наставници, па затоа треба да организираат добро образование од далечина, истовремено справувајќи се со стресот и вознемиреноста додека се грижат за децата што ги обожуваат и на кои сакаат да им обезбедат сè што им треба.

И тој навистина не греши. Тоа е неверојатно тешко. Многу е потешко отколку во нормални услови, особено кога не го гледаме крајот на сето тоа. Мајките прават огромна работа – подучуваат, готват, чистат, ги забавуваат децата, се грижат за здравјето на најблиските, а притоа настојуваат да ги завршат своите работни задачи на најдобар можен начин.

Се разбира, татковците учествуваат во сето тоа. Сепак, сме во општество во кое е јасно дека многу поголемо емотивно оптоварување носат мајките отколку татковците, во најголемиот број случаи. Меѓутоа, во моментите како овој, се чини дека татковците се фокусирани на нивната работа, додека мајките балансираат со сите домашни обврски, постојаната грижа за своите деца, работа која бара посветеност.

Ова е навистина стресно и фрустрирачко. Прашање е до кога сето ова ќе трае, но стравот дека може да дојде до влошување на ситуацијата прави да се чувствуваме уште полошо. На ова ја додаваме и потребата од продуктивност на работа, но и среќа и благосостојба на семејството, а сето тоа навистина ги преоптоварува емоциите.

Еден факт, кој барем може да го олесни сето ова, е дека не сте сами, не само вие, не е така само во вашето семејство. Сите се чувствуваме исто, сите сме заедно во сето ова и веруваме дека ваквата ситуација набрзо ќе заврши.

Можеби сакате да дознаете и зошто мајките сакаат да бидат будни до доцна навечер, иако се навистина исцрпени?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар