Трите најголеми митови за безусловната љубов

Трите најголеми митови за безусловната љубов

Крајно време е да престанете да верувате во митовите поврзани со љубовта и да ги прилагодите вашите очекувања според реалноста!

Кога гледаат филмови и серии во кои има совршен пар, повеќето луѓе имаат нереални очекувања за љубовта и врските. Врз основа на ова, се формираат некои заблуди, кои може да го уништат вашиот љубовен живот – па затоа е подобро што побрзо да престанете да верувате во овие митови.

Трите најголеми митови за безусловната љубов

Мит број 1: Ако се сакате еден со друг безусловно, врската не треба да биде оптоварување

Љубовта е процес и обајцата треба да работите на одржување на врската за таа да биде успешна и среќна. Значи, колку и да се сакате себеси, важно е да се трудите во врската – инаку љубовта нема да опстане. Замислете ја љубовта како убаво цвеќе што ќе овене ако не го наводните…

За да ја одржувате вашата врска, добро е да научите некои комуникациски вештини кои ќе ви помогнат да имате отворена и чесна комуникација со партнерот што е и основа за развој на меѓусебната доверба.

Мит број 2: Ако некој друг сексуално ве привлекува не се сакате меѓусебно

Ако ви се случи да бидете сексуално привлечени од некој што не е вашиот партнер, веројатно се плашите дека повеќе нема љубов меѓу вас и дека сè е изгубено.

Како и да е, треба да знаете дека доколку некој друг ве привлекува, но ништо не се случи помеѓу вас, тоа не е фактор што ја дефинира вашата врска со партнерот. Вашето однесување е критериум во врската, а не одредена краткотрајна привлечност.

Мит број 3: Ако тој навистина ме сака, ќе се потруди да ме направи среќен/на

Наместо да посакувате вашиот партнер да се откаже од сè за да ве направи среќни, одвојте време да се слушате еден со друг во врска со чувствата и грижите.

Меѓусебното сослушување и можноста да си ги искажете потребите е многу поголем показател за успехот во вашата врска отколку „симнувањето ѕвезди од небото“ како што гледаме во филмовите. Имајте на ум дека намерата е важна, дури и ако вашиот партнер понекогаш не успева да ги исполни вашите очекувања.

Вистинската љубов постои и навистина можете да уживате во среќна и здрава врска ако ги прилагодите очекувањата кон реалноста – размислете за тоа што е можно поскоро.

Откако сте начисто во врска со митовите за безусловната љубов, прочитајте и за 4-те видови љубов кои постојат, покрај вистинската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар