Трикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓе

Трикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓе

Секогаш е добро да целите кон подобрување на комуникациските вештини. Тоа ќе ви помогне во градење на подобри врски со луѓето, но и во животот воопшто. Затоа, погледнете ги триковите кои ќе ви помогнат полесно да се справите при комуницирањето со непознати луѓе.

Трикови за подобра комуникација при запознавање нови луѓе

Насмевнете се

Насмевнувањето е еден од најбрзите и најлесните начини за подобрување на комуникациските вештини. Тоа прави да изгледате подостапно. Им порачува на другите дека сте пријателски расположени, љубезни и дека имате желба да ги запознаете подобро. Секогаш трудете се да им се насмевнувате на новите луѓе што ги запознавате. Сигурно ќе ве помнат по тоа.

Оставете го мобилниот

Занимавањето се мобилниот додека се запознавате со некој непознат човек, значи крајно непочитување и незаинтересираност. Секако, понекогаш во одредени исклучителни ситуации е неизбежно и прифатливо, но сепак, кога среќавате нови луѓе, потрудете се да заборавите на мобилниот и да оставите впечаток на воспитан човек.

Поставувајте прашања

Поставувањето прашања при комуницирањето носи многу придобивки. Тоа на другата личност ѝ дава до знаење дека ја слушате, дека сте заинтересирани за она што го зборува и истовремено дека ви значи. Исто така, го одржува разговорот во живот. Ова се супер причини за поставување повеќе прашања во секој разговор што го водите.

Запомнувајте ги имињата на соговорниците

Кога се запознавате со некого, најпрвин меѓусебно си ги кажувате имињата. Сето тоа е супер, сѐ додека подоцна не дојде моментот да се сетите на истите. Имињата може да бидат тешки за помнење, но со малку труд и подобрување на меморијата, ќе успеете да го промените тоа.

Бидете вклучени во разговорот

Луѓето веднаш ќе почувствуваат ако наеднаш се исклучите од разговорот. Зарем не ви се случило да зборувате со некого, а тие да размислуваат на сосема трета работа? Така, знаете дека воопшто не ве ни слушаат, што навистина е болно. Затоа, не правете го и вие тоа при комуникацијата со луѓето и трудете се постојано да бидете вклучени во разговорот.

Прашувајте ако нешто не ви е јасно

Ако баш и не разбирате што другата личност зборува, прашајте уште веднаш. Ако оставите тие прашања да висат во воздухот, подоцна ќе се создадат непријатни чувства. За што и да сте збунети, реагирајте навремено. Ова на луѓето ќе им даде до знаење дека навистина се трудите, ви значат и не ги земате здраво за готово, што пак е огромен плус во еден однос.

Имајте разбирање

Секогаш покажувајте разбирање за останатите и сочувствувајте со нивната состојба и моментални случувања, кои тие ви ги кажуваат. Обидете се да сфатите зошто токму така се чувствуваат и помогнете им. Така ќе ја придобиете нивната почит.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар