Трикови за нанесување ајлајнер кои секоја жена би требало да ги знае
Нанесувањето ајлајнер не е ниту малку лесен процес, бидејќи тој бара мирна рака и прецизност. Затоа е неопходно да знаете некои трикови кои на најдобар можен начин може да ви помогнат да го нанесете ајлајнерот и тој секогаш да изгледа совршено. Ова се само некои од нив.
За вашата шминка околу очите да трае подолго, пожелно е преку ајлајнерот да нанесете сенка за очи во истата боја. Тоа ќе го направите така што најпрво ќе нанесете ајлајнер, а потоа преку него сенка за очи.
Направете ја светлата сенка уште повпечатлива, така што пред нејзиното нанесување ќе нанесете ајлајнер во бела боја. Така на најдобар можен начин ќе направите подлога која ќе ја истакне бојата на сенката за очи.
Направете сами свој ајлајнер со помош на сенка за очи и четка за нанесување сенка. Тоа ќе го постигнете така што најпрво ќе ја намокрите четката и со тоа ќе ја постигнете острината која ја има самиот ајлајнер.
Користете бел ајлајнер за совршено истакнување на вашиот облик на очи, така што ќе го нанесете под и над веѓите. Ова ќе ви помогне на најдобар можен начин да ги дефинирате вашите веѓи.
Ако нанесувањето на совршена линија со ајлајнер ви претставува потешкотија, нанесете подебел и неправилен слој, а потоа со чепкалка за уши избришете го непотребниот дел.
Користете лажичка за совршено да го нанесете ајлајнерот. Прво нацртајте ја линијата со помош на крајот од лажичката, а потоа таа линија здебелувајте ја и на тој начин истакнете ги очите.
Доколку вашиот ајлајнер е премногу воден, ставете го во фрижидер околу 10 минути и на тој начин тој повторно ќе ја добие совршената цврстина за нанесување.
За вашите очи да изгледаат покрупни, по должината на долниот раб на окото нанесете бел ајлајнер. На овој начин вашите очи ќе изгледаат визуелно поголеми.
Користете леплива трака за да нанесете совршена линија со ајлајнерот. Наместете ја да биде во рамнина со долната линија на вашето око, за да креирате совршена линија.