Трикови со кои вашите растенија ќе добиваат точно онолку вода колку што им е потребно
Овие трикови се идеални за луѓето што постојано брзаат или не знаат колку вода да им турат на растенијата. Ако им турите премногу вода, коренот ќе изгние и растението ќе овене, а ако нема доволно вода, ќе се исуши. Со помош на овие трикови, вашите растенија секогаш ќе имаат доволно вода.
1. Трик со коцка мраз
Еднаш неделно ставајте една поголема коцка мраз или неколку помали на земјата околу растението, во зависност од тоа колку е големо. Најдобар избор се коцките мраз од замрзнувачот што ги користите за разладување на пијалаците. Имено, за време на наводнувањето, луѓето најчесто претеруваат и на тој начин го уништуваат растението. Мразот ја ослободува влагата пополека, па коренот има доволно време да ја апсорбира водата бавно и правилно.
Овој метод е особено добар за чувствителните растенија, како што е орхидејата. Ваквите растенија не поднесуваат задржување влага околу коренот, односно потребна им е добра дренажа, па коцката мраз е идеално решение.
2. Трик со бебешки пелени
Пелените се одлично решение за растенијата што сакаат многу влага и што не можат да преживеат без вода неколку денови.
Земете една пелена за еднократна употреба, турете вода во неа, почекајте да ја апсорбира и исечете ја на средината. Пелената ставете ја на дното на теглата, а под неа треба да има еден ред камчиња. Одозгора ставете ја земјата и потоа ставете го растението. На крајот, турете уште малку вода одозгора.
Овој метод ќе ги спаси растенијата ако неколку денови не сте дома и нема кој да ги наводнува.
Можеби ве интересира кои 19 растенија и зеленчуци можете да ги одгледувате само во чаша вода.