Трикови и совети од професионални балерини за совршена линија - Part 2

Трикови и совети од професионални балерини за совршена линија

6. Не плашете се од јаглехидрати

(6)trikovi-i-soveti-od-profesionalni-balerini-za-sovrshena-linija-kafepauza.mk

Откажувањето од јаглехидратите е честа грешка кај луѓето кои се на диета. Јаглехидратите се едни од основните извори на енергија. Токму поради ова, кога ги исклучувате од исхраната може да се чувствувате слабо и уморно, но и да си предизвикате други проблеми, особено ако сте женско.

7. Не мешајте разни протеини

(7)trikovi-i-soveti-od-profesionalni-balerini-za-sovrshena-linija-kafepauza.mk

Не треба да мешате протеини од разни групи во еден оброк. На пример, риба, месо, млечни производи и јајца се лоша комбинација. Временскиот интервал помеѓу овие продукти би требало да биде барем 18 часа.

8. Мајонезот не постои

(8)trikovi-i-soveti-od-profesionalni-balerini-za-sovrshena-linija-kafepauza.mk

Целосно исфрлете го мајонезот од вашата исхрана. Овој висококалоричен продукт се вари многу бавно. Можете да го замените со маслиново масло, или обидете се да направите домашен мајонез. Ако не можете да се откажете од него, додајте му јогурт со ниска масленост во однос 1:1.

9. Постете на секои 2 недели

(9)trikovi-i-soveti-od-profesionalni-balerini-za-sovrshena-linija-kafepauza.mk

Кога балерините треба да изгубат некој килограм за краток период, тие постат. Сепак, ова постење не треба да се случува повеќе од еднаш неделно. Најдобро е да постите на секои 2 недели. Еве пример за „посен“ ден со сок од домати:

  • Појадок: 1 чаша сок од домати
  • Ручек: 2 чаши сок од домати и 1 или 2 парчиња ‘ржан леб
  • Вечера: 1 чаша сок од домати

10. Размислувајте позитивно

(10)trikovi-i-soveti-od-profesionalni-balerini-za-sovrshena-linija-kafepauza.mk

Потребно е да размислувате позитивно за да си поставите реални цели и да ги постигнете. Овде спаѓа и одржувањето на вашата физичка форма. Штом ќе почнете да размислувате на правилниот начин и ќе сфатите која е вашата цел, ќе ви биде многу полесно да се грижите за вашето тело и лесно ќе го завршите она што сте го започнале.

Погледнете ги и овие трикови во исхраната од познатите спортисти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар