Тридневна диета со авокадо: Ефикасен начин на слабеење
Мени за диетата со авокадо
Прв ден
Рано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.
Појадок: салата од зеленчук, домати, краставица и авокадо со 1 лажица маслиново масло, 1 јајце, кафе.
Ужина: 1 мандарина и 30 грама ореви.
Ручек: тестенини со мисиркино месо (100 грама) и сос од домати, салата од рукола со половина авокадо и една краставица.
Вечера: зеленчук на скара и авокадо.
Втор ден
Рано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.
Појадок: палачинки со хелдино брашно, 1 лажица мед, магдонос, половина јаболко, кафе или 1 шолја зелен чај.
Ужина: парче тост леб со авокадо, 1 шолја зелен чај.
Ручек: салата од туна со авокадо, домат, краставица, црвена зелка и сок од лимета.
Вечера: 150 грама пилешко на скара и 150 грама зеленчук, 100 грама авокадо.
Трет ден
Рано наутро (на празен стомак): чаша топла вода со лимон.
Појадок: тост од интегрален леб со авокадо и две јаболка, кафе или зелен чај.
Ужина: печено јаболко со сирење и 20 грама јатки.
Ручек: 100 грама варена хелда, зеленчук со авокадо и билки.
Вечера: 100 грама варена риба, 200 грама печен зеленчук.
Пред да започнете со диетата, подобро е да имате краток еднодневен пост, а за тоа постојат и различни погодни напитоци. Адријана Лима обожава да подготвува хранливо смуди за детоксикација со грчки јогурт или кокосова вода со половина авокадо и половина лажица мед. Манекенката Емили Ди Донато обично сака да пие смуди од боровинки, бадемово млеко, со една лажичка вештачки протеини, спанаќ и други билки. Изберете каков било рецепт кој вклучува зеленчук, бобинки и овошје кога ќе планирате ден за испостување на организмот.
По диетата, препорачливо е следниот ден да го поминете пиејќи исклучиво вода или јадејќи само овошје и зеленчук. Се препорачува мерење на празен стомак по посниот ден. За резултатите да бидат навистина добри, не заборавајте на вежбањето. Дури и само 15 минути вежбање во домашни услови ќе му биде од корист на вашето тело.
Можеби сакате да прочитате и за највкусната диета за којашто некогаш сте чуле.