Три типични женски проблеми и решението за нив!

Три типични женски проблеми и решението за нив!

Имате силна главоболка? Помислувате на најлошото? Пополека, опуштете се. Некои симптоми може да ве претворат во хипохондрик, но најважно е да не подлегнете на паниката.

1-tri-tipichni-zhenski-problemi-i-reshenieto-za-niv-www.kafepauza.mk_

Проблем 1: Постојано сте уморни

Ако сте просечна вработена жена, а плус и мајка, најчестата причина за умор е недостатокот на сон или слободно време. Втората причина е недостаток на железо во крвта поради обилните менструални циклуси. Ако сте помислиле дека имате синдром на хроничен замор, имајте на ум дека тоа е навистина тешка состојба и не личи на обичен умор.

Што може да направите: Земете слободни денови и јадете многу овошје и зеленчук.

Кога да посетите доктор: Ако заморот е проследен со болки и губење на телесната тежина.

2-tri-tipichni-zhenski-problemi-i-reshenieto-za-niv-www.kafepauza.mk_

Проблем 2: Постојани главоболки

Не помислувајте дека имате сериозни проблеми. Поверојатно е, особено ако болката започнува кон крајот на денот, дека патите од напната главоболка која е создадена од стрес и предизвикува контракција на мускулите на главата и вратот.

Што може да направите: Ако патите од напната главоболка, потребно е да го лечите факторот што ја предизвикал, на пример, стресот, болките во грбот или заморот на очите. Но, болката може да ја ублажите доколку земете еден прамен од косата во близина на болното место и полека го влечете и виткате во рок од неколку секунди. Така го стимулирате влевањето на крвта во черепот и ги ублажувате пулсирањата на главата.

Кога да посетите доктор: Кога главоболките се проследени со болки во екстремитетите или проблеми со видот, бидејќи со овие симптоми е потребен итен докторски преглед.

Проблем 3: Обилен менструален циклус

Најверојатно проблемот е од хормонска природа. Претходната менструација најверојатно ви била многу слаба или воопшто не сте ја добиле, па сега вашето тело го надокнадува тоа.

Што може да направите: Почекајте ја следната менструација, бидејќи проблемот може да биде привремен.

Кога да посетите доктор: Ако проблемот трае повеќе од 3 месеци или губите премногу крв.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар