Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

Таа имаше идеја да ја промени женската мода, но не знаеше дека ќе остави белег засекогаш. Модна икона, модерна револуционерка и модна креаторка којашто не беше само жена, туку беше и неповторливата Коко Шанел!

Три модни правила оставени во аманет од Коко Шанел

Таа имаше таков карактер што реши да ја промени женската мода и да ја направи природно елегантна и софистицирана. И исполни сè што замисли: во модните кругови сè уште се зборува за неа, а многу познати дизајнери сè уште слепо ги следат нејзините правила затоа што дури и во 2019 година нејзиниот стил може да се нарече релевантен.

Еве ги трите најважни модни правила што ни ги остави Коко Шанел:

1. Без скапа облека

Коко Шанел им објасни на модните гурмани дека воопшто не им е потребна скапа облека, бидејќи колку е поскапо, толку полошо изгледа. Таа креираше здолниште со рамен крој што едвај ги покриваше колена. Тоа беше бум! Нејзината креација ги нагласи половината на жената, колковите, колената и неверојатните нозе. Ова здолниште може да се комбинира само со чевли со високи потпетици.

Раскошните и шарени женски вечерни фустани беа едноставно уништени од страна на елегантниот црн краток фустан што го дизајнираше Коко Шанел за да им даде поинаков вкус на модните гурмани. Овој фустан брзо стана класика и за младите модерни девојки и за повозрасните жени.

Коко Шанел го доведе дневниот стил до совршенство.

2. Правоаголна чанта

Коко Шанел не гледаше елеганција во обичните чанти. Правоаголната чанта со прерамка за на рамо е нејзин изум. Се разбира, овие чанти не се воопшто невообичаени и ги има на секој чекор, но целокупниот шарм е во вклопувањето со стилот на Шанел. Оригинална Шанел чанта ги има следните карактеристики:

  • Боја што не свети
  • Нема масивен сјај (ниту лого)
  • Мала, правоаголна форма
  • Прерамката мора да биде испреплетена со кожа и метал
  • Мора да има таен џеб
  • Квадратна тока

Според Коко, оваа чанта може да ја направи неодолива дури и најдосадната облека давајќи ѝ софистициран изглед.

3. Парфем

Коко Шанел, кога го преставуваше сега веќе познатиот парфем „бр. 5“, рече дека „така мириса душата на жената“. Префинетата арома со мирис на момина солза никого не остави рамнодушен.

За време на едно интервју, кога ја прашале Мерлин Монро: „Што носите навечер?“, актерката одговорила: „Ништо, само 5 капки Шанел“.

Прочитајте ги и овие есенски модни правила за да ги избегнете стилските грешки што ги правите за време на ладните денови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар