Трендови за шминкање за 2021 година: Фокусот е на очите
Очигледно е дека и оваа година ќе носиме маски, па кога станува збор за трендовите за шминкање, фокусот ќе биде на горниот дел од лицето, пред сè, на очите. Светските шминкери најавуваат дека ќе носиме силни и впечатливи бои на очните капаци, а во продолжение погледнете ги и другите трендови.
„Валкани“ усни
Колку пати сте посакале нешто повеќе од балсам за усни, а помалку од класичен кармин? Ако се пронајдовте во оваа приказна, трендот на намерно „извалкани“ усни е како создаден за вас. Поентата е всушност да се нанесе „дамка“ боја (нијансите на шумско овошје се апсолутен хит) која ќе ја размачкате на усните.
Графика на очите
View this post on Instagram
Оваа година ќе се користат линии кои се силни и остри, без разлика дали станува збор за класичен изглед на зачадени очи или за необични варијанти, како што е остриот полулак над горниот раб на очниот капак. Вежбајте ја раката за да направите прецизни линии. Покрај тоа, користете квалитетен ајлајнер или водоотпорно моливче за очи.
Сјаен тен
Дали има нешто попривлечно од свежа и сјајна кожа? Таа го потврди своето место меѓу водечките трендови за шминкање и оваа година. За да создадете ефект на свежа кожа, ќе ви треба хидратантен крем со хранливи материи и хајлајтер што ќе ви овозможи здрав сјај.
Виолетови очни капаци
Оваа боја ќе внесе ведрина во секојдневниот живот. Шминкерите се согласуваат дека виолетовата е совршена рамнотежа помеѓу разиграното и суптилното, но крајниот ефект зависи од сенката што ја користите.
Тенок ајлајнер
Поради хаотичната ситуација, враќањето на старите трендови изгледа безбедно. Следниот пат кога ќе се фатите за ајлајнерот, нацртајте тенки линии, какви што се носеа во деведесеттите. На крајот, заокружете ја приказната со неутрален сјај за усни за да го задржите фокусот на очите.
Маскара во боја
View this post on Instagram
Не двоумете се да користите маскара во боја бидејќи на тој начин ќе привлечете внимание, а оваа промена нема да ви одземе многу време.
Прочитајте какви капи ќе се носат оваа зима.