Тренди машки фризури за 2013

Тренди машки фризури за 2013

Стилистите препорачуваат на фризурата да се гледа како на важен составен дел од сопствениот изглед, кој може многу да придонесе за севкупниот впечаток кој го оставаме. Тие издвојуваат неколку варијанти кои ќе направат да изгледате модерно во наредниот период.

Подолга коса на врвот

Берберот нека ве истриже само со ножици од страните, а на врвот нека ви остави малку подолга коса. Нека ви остави и малку подолги шишки за уште поинтересен изглед, кој ќе ви овозможи често да го менувате стилот на вашата коса без повторно да барате помош од него.Тренди машки фризури за 2013

Едноставна уредна фризура

Ваквиот стил никогаш не излегува од мода. Иако изгледа доста едноставно, мора да внимавате секогаш да ја носите вистинската должина.Тренди машки фризури за 2013

Неповрзана должина меѓу врвот и страните

Речете му на берберот да ви остави повеќе коса на горниот дел, така што должината ќе изгледа несразмерна со страните. Колку поголема разлика ќе има меѓу нив, толку посилен впечаток ќе оставите.Тренди машки фризури за 2013

Долга коса

Не оставајте ја да биде подолга од рамената и постојано одржувајте ја. Многумина се лажат дека можат да носат долга коса со малку одржување и да изгледаат уредно, но вистината е дека убавата долга коса бара многу труд.Тренди машки фризури за 2013

Средно долга коса

Носете должина која ќе оди малку под ушите, но побарајте од берберот да ги среди краевите така што ќе изгледа уредно. Така ќе имате опуштен изглед, а со едноставно повлекување на косата наназад ќе оставите многу поелегантен впечаток.Тренди машки фризури за 2013


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. alma Reply

    znaci sekakva frizura kratka dolga sredna i tn.

Остави коментар