Традиционална дама, модерна девојка или бунтовничка: Вашиот накит го открива вашиот карактер
Дали сте знаеле дека видот на накитот кој го сакате може многу да открие за вашата личност? Одредете го вашиот вкус за накит и проверете како тој ве дефинира.
1. Голем и впечатлив накит
Ако сакате да носите големи и светкави парчиња накит кои паѓаат во око, без разлика дали се работи за ланчиња или прстени, тоа за вас открива одредени работи. Вие сте силна личност со цврст карактер и сакате да бидете во центарот на вниманието. Имате самодоверба и не се плашите од животот. Живеете по свои правила и не ви е грижа за туѓото мислење.
2. Пирсинг
Оние кои сакаат пирсови на веѓите, носот или усните главно се со бунтовнички карактер и се противат на вообичаените општествени норми иако понекогаш не се ни свесни за тоа. Некои пак одбираат пирсинг на невообичаени делови од своето тело за да го привлечат вниманието на себе, или пак сакаат да дадат до знаење дека не им е грижа што мислат другите за нив. Секако, постојат и луѓе кои ставаат пирс само затоа што им се допаѓа.
3. Бисери
Ако сакате да носите бисери, вие сте личност со традиционални уверувања која сака класични и елегантни работи. Бисерите често се поврзуваат со жените од минатото, а денес ги носат дамите кои го сакаат ретро стилот. Бисерните парчиња накит даваат елеганција на секоја комбинација, а ги носат жени кои сакаат да изгледаат софистицирано и едноставно.
4. Уникатни парчиња
Уникатните парчиња накит вообичаено се избор на модерните девојки кои преферираат рачно изработени и оригинални предмети со кои ќе се издвојуваат од останатите. Сакаат да бидат поинакви и да се истакнуваат.
5. Накит во слоеви
Жените кои носат накит во слоеви односно повеќе алки или ланчиња на исто место сакаат да го привлечат вниманието на местото на кое ги носат, како на пример деколтето.
6. Винтиџ накит
Ваквите парчиња накит кои би ги нашле во орманот на вашата баба, се карактеристични за сентиментални, нежни и женствени дами.
7. Накит во боја
Секоја боја има свое единствено значење. Ако сакате да носите црвен накит, значи дека сте прилично отворена личност, додека розовиот ја открива вашата голема страст. Жолтата боја покажува оптимизам, сината – сочувствителност, додека зелената е синоним за искреност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.