Тотален лет хит: Прекрасни блескави тетоважи
Привремените тетоважи го имаат својот голем камбек ова лето, но овој пат тие не се наменети само за деца. Многу жени почнаа да ги прекриваат своите тела со интересни златни и металик боди арт дизајни.
Овие фенси фолии се всушност привремени тетоважи кои се наречени светкави тетоважи (flash tattoos) и доаѓаат во разни светкави парчиња и златни геометриски облици кои блескаат на кожата.
Без разлика за кое место на телото ќе се одлучите, бидете сигурни дека со оваа тетоважа само ќе ги потенцирате вашиот изглед и стил како вистинска бохо кралица, во текот на целото лето.
Не мора ни да потенцираме дека овие металик тетоважи изгледаат одлично на исончана кожа и имаат улога на полуперманентен накит. Всушност, одлично се надополнуваат со накитот кој веќе го носите на зглобовите, на прстите, на вратот, на телото, па дури и на лицето…
Овие тетоважи траат 6 дена и имаат моќ да ве преобразат во гламурозна божица. Ова е совршениот летен аксесоар. Се согласувате?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.