Тоскански рецепт за пилешко со тестенини: Се топи во уста!
Денес ви споделуваме рецепт кој е типичен за италијанскиот регион Тоскана кој се состои од тестенини со пилешко во кремаст сос со пармезан, спанаќ и сушени домати.
Потребни состојки:
- 4 парчиња пилешки гради без коски
- 400 милилитри крем за готвење
- 100 грама листови свеж спанаќ
- 45 грама рендан пармезан
- 30 грама суви домати
- 2 лажици растително масло
- 2 лажици путер
- кромид
- 2-3 чешниња лук
- 1 лажичка лук во прав
- ¼ лажичка сув босилек
- ¼ лажичка суво оригано
- ¼ лажичка сува мајчина душица
- ¼ лажичка сув мајоран
- сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
1. Зачинете ги пилешките гради со сол, бибер, сув босилек, оригано, мајчина душица, мајоран и лук во прав.
2. Загрејте го растителното масло во тава и пропржете ги од секоја страна околу 6 до 8 минути. Извадете го пилешкото од тавата и оставете го на страна.
3. Во истото тавче растопете го путерот и пржете го кромидот додека не омекне.
4. Додадете ги сечканите сушени домати и лукот и пржете сè заедно уште една минута.
5. Додадете го кремот за готвење и пармезанот, убаво измешајте и оставете го сосот да зоврие.
6. Додадете свежи листови спанаќ.
7. Посолете го сосот по желба.
8. Вратете го пилешкото во сосот и сè заедно варете уште неколку минути.
9. Послужете го пилешкото со варени тестенини. Добар апетит!
Откако го прочитавте нашиот предлог за вашето денешно мени, можеби ќе сакате да го прочитате и рецептот за тестенини со ореви и магдонос.
Извор: punkufer.dnevnik.hr