Тортички со џин и тоник: Совршен десерт за вас и вашите пријатели!

Тортички со џин и тоник: Совршен десерт за вас и вашите пријатели!

Уживајте во популарниот пијалак на сосема поинаков начин

Тортички со џин и тоник: Совршен десерт за вас и вашите пријатели!

Потребни состојки:
За тестото:
  • 3 големи јајца
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама путер
  • 200 грама брашно
  • 1 мала лажичка прашок за печиво
  • 3 супени лажици џин
За кремот:
  • 100 грама путер на собна температура
  • 300 грама шеќер во прав
  • 3 супени лажици џин
  • 3 супени лажици тоник
Начин на подготовка:

Стопете го путерот и оставете го да се олади. Скршете ги јајцата, ставете ги во сад за матење, додајте шеќер па матете со електричен миксер околу 5 минути или сè додека јајцата не станат посветли, а смесата густа и пенеста. Полека додајте го и разладениот путер во смесата и лесно мешајте со лажица. Потоа додајте го и џинот. На крај, просејте го брашното што претходно сте го измешале со прашок за печиво.

Распоредете го тестото во калапи по ваша желба. Печете околу 15 минути на температура од 180 степени или сè додека тестото не добие златна боја.

Додека се печат тортичките, направете ја кремата. Со миксер сматете го путерот. Потоа постепено додавајте му шеќер додека сè уште матите. Кога ќе го добиете хомогена смеса, лажица по лажица додавајте го џинот, а потоа и тоникот. Кога ќе завршите уште еднаш добро изматете, па ставете го кремот во фрижидер околу 10-тина минути.

Извадете ги тортичките од рерна, и ставете го кремот во кеса за декорација или обична кеса за замрзнувач со исечен врв. Потоа украсете ги тортичките по желба. Ако сакате можете дури и рачно да го нанесете кремот над нив.

Пробајте го и најлесниот и најздравиот рецепт за крофни (без пржење)!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар