Топол сок од јаболка во крушка

Топол сок од јаболка во крушка

Надвор е ладно, а вие уште смислувате начин како да се стоплите? Еве што ви недостасува таму до вас меѓу ќебињата, перниците и далечинскиот управувач – топол сок од јаболка и тоа во мека и сочна крушка. Па има ли нешто подобро?

Топол сок од јаболка во крушка

Еве што ви треба за 4 пијалаци:
  • 4 зимски бледо-жолтеникави цврсти крушки
  • 2 стапчиња цимет
  • 4 парчиња ѕвездест анасон
  • 200 мл текила
  • 150 мл свежо приготвен сок од јаболка

Топол сок од јаболка во крушка

Начин на подготовка:

Прво, издлабете ги крушките како што е покажано на сликата. Месото од крушките ставете го во блендер и измиксајте го. Во мало тенџерче ставете ги сокот од јаболка и пирето од круши. На средно-ниска температура мешајте додека да се загрее смесата и да се разреди. Откако смесата ќе биде течна, ставете ги анасонот и стапчињата цимет. Исклучете ја ринглата и мешајте пет-шест минути. Потоа, извадете ги зачините и ставете ја текилата. Сокот претурете го во претходно издлабените крушки. Вистинско зимско уживање.

Топол сок од јаболка во крушка

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар