Топло какао со ѓумбир и портокал
Какао со силно зачинет вкус
Потребни состојки:
- 4 лажички какао
- 4 лажички кафеав шеќер
- рендана кора од ½ портокал
- 1 лажичка ситно исечкан корен од ѓумбир
- 100 мл млеко
- 100 мл вода
- малку екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Ѓумбирот, кората од портокал, шеќерот и екстрактот од ванила ставете ги во блендер и мешајте околу една минута. Потоа додајте го какаото и мешајте додека сите состојки убаво не се соединат.
Во меѓувреме млекото и водата ставете ги во сад на тивок оган. Кога течноста ќе зоврие, почнете да додавате од неа во смесата од блендерот, константно мешајќи, и не повеќе од една лажичка наеднаш. Кога ќе добиете паста, истурете ја оваа смеса во течноста која врие на огин. Кога сето тоа добро ќе се соедини, вашиот пијалак е спремен за сервирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.