Топли топчиња од компир полнети со кашкавал
Вкусни топчиња од компир кои се топат во уста
Потребни состојки:
- 700 г компир, варени
- половина јајце
- 30 г брашно
- 125 г чедар кашкавал
- 2 парчиња млад кромид, исечкани ситно
- 60 г павлака
- ½ лажиче сол
- масло за готвење
Начин на подготовка:
1. Маслото ставете го во тава и убаво загрејте го.
2. Излупете ја лушпата од компирите и изрендајте ги на ренде.
3. Во компирите додадете ги останатите состојки и мешајте ги додека не добиете хомогена смеса.
4. Од смесата направете топчиња, наредете ги на плех за печење и оставете ги да се оладат во фрижидер, барем 10 минути. Откако ќе се оладат, пржете ги во маслото, додека не добијат кафена боја од сите страни. Оставете ги да се исцедат на хартиена крпа.
5. Послужете ги топли со малку павлака и младо кромидче како додаток.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.