Топ 6 грижи кои жените ги имаат за сексот

Топ 6 грижи кои жените ги имаат за сексот

Вашите најинтимни прашања во врска со сексот се конечно одговорени. Без разлика дали се тоа прашања поврзани со постигнувањето оргазам, со сексуално-преносливите болести или со намаленото либидо, експертите ви помагаат подобро да ги разберете овие работи. Заштитете се подобро, уживајте повеќе и изненадете се од работите кои досега не сте ги знаеле за сексот.

Топ 6 грижи кои жените ги имаат за сексот

1. Имав небезбеден секс. Колкави се шансите да сум закачила некоја болест? – Ова е солидна причина за загриженост. Според „Центарот за превенција и контрола на болести“, бројот на сексуално-преносливите болести се зголемува секоја година за 19.000 случаи. За жал, инфекциите не можат да се забележат веднаш, па треба да чекате една недела за да отидете да се проверите за кламидија и гонореја, а потоа и да ги чекате резултатите. Со антибиотици може да се уништат овие бактерии, но ако не се лекувате и ги оставите така, тоа може да има долготрајни последици и негативно да влијае на плодноста. Исто така, по три месеци треба да направите преглед за хепатитис, сифилис и ХИВ, бидејќи на овие болести им треба подолго време за да се покаже дека ги имате во системот.

Доколку не користите таблети за контрацепција или спирала, веднаш треба да купите таблета „утрото потоа“ за да спречите несакана бременост. Можете да реагирате 72 часа после незаштитениот секс, но најефикасно е доколку го направите тоа поскоро. Во иднина, секогаш носете резервен кондом.

2. Имам 30 години и никогаш не сум имала секс. Дали е тоа лошо? – Дефинитивно сте дел од малцинство. Но нема ништо лошо во тоа да се чека, било од религиозни причини или затоа што го чекате совршениот маж. Друга работа е ако сакате да сте сексуално активни, но не сте. Доколку ве вознемирува помислата да бидете интимни со некого, посетете терапевт за да откриете што е тоа што ве спречува да започнете да бидете сексуално активни. Може да е резултат на страв од интимност, ниска самодоверба или проблем од детството. Работејќи со професионалец, можете да стекнете повеќе самодоверба, како и да ги искусите задоволството и емоционалната поврзаност кои доаѓаат со сексот.

3. Не сум заинтересирана да имам секс толку често како моето момче. Дали е ова нормално? – Нормално е едниот од партнерите во врската да има почеста потреба од секс во одредени периоди. Плус, желбата за секс кај жените е повеќе зависна од емоциите, па стресот на работа или некои други лични проблеми можат да имаат влијание. Затоа на пример 9% од жените на возраст 18-44 години признаваат дека имаат намалено либидо според истражувачите од „Општата болница во Масачусетц“. Но, ако со месеци немате сексуална желба, тогаш можеби се работи за недостаток од физичка привлечност.

Многу лекови како антидепресивите, таблетите за контрацепција и антихистамините може да имаат негативни ефекти на сексуалната желба. Проверете си го хормоналното ниво, што може да се помести под влијание на дијабетис, покачен крвен притисок и други проблеми. Кремите на база на естроген или тестостерон може да помогнат. Штом вашиот гинеколог ќе ги открие или отклони причинителите, работете на подигнување на либидото на природен начин. Со вежбање и со правилна исхрана можете да го подобрите изгледот на вашето тело, да си го покачите нивото на енергија и едноставно да го направите тоа. Сексот ги зголемува хормоните кои ја создаваат желбата. Тоа е најдобриот афродизијак кој постои.

4. Ме боли кога имам секс – Добредојдовте во клубот. 60% од жените имаат искусено болка за време на сексуален однос според истражувањето на „Научното списание за акушерство и гинекологија“. Во најчест случај се работи за недостаток од лубрикација. Лекарствата за контрацепција, антихистамините и други може да влијаат на вагиналната сувост, но најчесто не постои друга медицинска причина. Тоа може да се случи на секоја возраст.

Триењето за време на сексуалниот чин може да се користи како природен лубрикант. Дополнително чувајте шишенце со лубрикант базиран на вода, кој може да се користи во комбинација со латекс и не е многу скап. Но, ако продолжите да се чувствувате непријатно или ако ви се појават рани и крвавење, треба да се консултирате со гинеколог. Иритациите кои се јавуваат во вагиналниот отвор може да се сигнал за инфекции на карлицата, бешиката и на уринарниот тракт и тоа мора медицински да се третира. Болката при подлабока пенетрација може да е резултат на оваријална циста.

5. Не сум љубител на орален секс – Има две причини поради кои жените не сакаат да добиваат орален секс: ако тоа не го прави добро нивниот партнер или поради чувството дека нивниот мирис и вкус таму долу не се ОК. Во првиот случај треба да го водите вашиот партнер кажувајќи му каде и како ви се допаѓа да го прави тоа. За второто едноставно туширајте се пред сексуалниот однос.

Во однос на пружањето орален секс пак, многу жени сметаат дека е тоа понижувачки, но многумина го чувствуваат токму спротивното – кога ги задоволуваат своите партнери, тоа им дава некакво чувство на моќ. Сепак, запомнете дека некои сексуално-преносливи болести се префаќаат и преку орален секс, така што пред да почнете да го практикувате, разговарајте со вашиот партнер.

6. Никогаш не сум доживеала оргазам – Како и 10% од сите жени. Тешко е да се опуштите и колку повеќе се оптоварувате со ова, толку потешко може да станува да се фокусирате на доживувањето оргазам. Но вреди да се потрудите. Истражувањата покажуваат дека не само што тие пружат добро чувство, оргазмите делуваат на намалување на стресот, ублажување на болки и на предменструалните симптоми, па дури може и подолго да живеете.

Нема конкретно упатство како да стигнете до тоа, бидејќи секој е различен, но клучот е во истражувањето и спознавањето на вашето тело. Со мастурбирање најдобро ќе го постигнете ова. Штом успеете да постигнете оргазам со самозадоволување, ќе знаете како подобро да го водите партнерот. Исто така, често самиот однос не е доволна стимулација за оргазам, па експериментирајте со рацете и во различни позиции. Не вознемирувајте се околу времето кое ви е потребно да доживеете оргазам. Сè што е од 7 до 30 минути е нормално. Само лежете и опуштете се.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар