Тиландсија – растение на кое не му треба почва за раст и развој

Тиландсија – растение на кое не му треба почва за раст и развој

Опкружени со бетонски згради и заробени во четири ѕида, далеку од вистинската природа и од шумите, копнееме по смирувачкото зеленило на растенијата и нивната свежина и секогаш се обидуваме да го направиме нашиот дом поубав со избор на разни видови растенија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @kiiiiyo_kiyo

Тиландсијата е исклучително привлечен род растенија и тие се посебни затоа што не им треба земја за раст и развој. Имаат атрактивен изглед, малку диви, но сепак нежни. Подеднакво интересна е и нивната приказна за преживување, затоа што тие се воздушни растенија без корен. Сепак, тие не функционираат како паразити, туку користат други растенија, главно дрвја, како подлога за раст.

Условите за раст се различни за одредени видови, од тропски шуми, постудени планински области, до суви пустини, така што тие се многу различни по изглед. Повеќето немаат корен или имаат само мали мустаќи и апсорбираат вода и храна преку лисјата. Дури и видовите кои растат на почва имаат многу слаби корени и ги исполнуваат повеќето од своите физиолошки потреби преку лисјата и нивните розети.

Растението умира по цветањето, но во исто време создава неколку млади растенија во основата кои растат заедно со него. На овој начин, растението се зголемува со текот на годините, а во природата, ваквите фрагменти од младото растение се одделуваат со помош на ветер, птици и други животни и се пренесуваат на други дрвја или карпи. Птиците често ги користат како материјал за гнездење и со тоа придонесуваат за нивно ширење.

Повеќето видови имаат цвет во розова или црвена боја. Кај некои видови, паралелно со формирањето на цветот, горните лисја ги добиваат истите нијанси како и цветот.

Услов за нивно одгледување е многу светлина и прскање со вода два до три пати неделно. Покрај тоа, може да се додаде специјално ѓубриво (2-3 пати годишно) или ѓубриво за орхидеи. Не поднесуваат влага и лесно може да изгнијат, па затоа им треба прозрачно и многу светло место, па дури и малото изложување на директна сончева светлина за некои видови нема да претставува проблем.

Декоративната примена на овие растенија е неограничена, така што тие можат да бидат поставени на стакло во модерните ентериери, на дрво во класичните или да се користат за помали или поголеми аранжмани и разни украси во просторот.

Прочитајте ги овие трикови со кои предвесникот на пролетта нема да овене.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар