Телото после породувањето: 5 промени за кои жените се срамат да зборуваат

Телото после породувањето: 5 промени за кои жените се срамат да зборуваат

Телото после породувањето минува низ бројни промени од кои не сите се пријатни, а некои кај жените предизвикуваат дури и срам. Не зборуваме за стриите, хемороидите, опуштената кожа и надуваниот стомак, за кои поголемиот дел од жените се свесни, туку за неудобностите за кои ниту една новопечена мајка не сака да зборува.

1-teloto-posle-poroduvanjeto-5-promeni-za-koi-zhenite-se-sramat-da-zboruvaat-www,kafepauza.mk_

1. Вагината може да стане преголема за тампон

После појавата на првата менструација, немојте ни да се обидувате да користите тампон, бидејќи постои голема веројатност дека ќе доживеете неудобно искуство. Не грижете се, тоа е само привремена состојба која може да потрае неколку месеци после раѓањето. Станува збор за последица од растегнувањето и ширењето на вагината после породувањето на која ѝ е потребно време да се врати во нормалната состојба.

2. Нема да можете да го контролирате испуштањето гасови

Породувањето и тоа како остава траги на вашето тело, особено на делот поврзан со задникот и мускулите на задникот. Тие стануваат послаби отколку што биле, што може да доведе до неудобни појави на неконтролирано испуштање гасови, без предупредување. Оваа појава е многу честа, но добрата вест е тоа што мускулите постепено ќе се зајакнат и ќе се вратат во нормала, а неудобноста ќе престане.

3. Можеби и ќе испуштите малку урина во гаќичките

Повторно станува збор за слабеење на мускулите кои во текот на породувањето минуваат низ многу големи промени. Токму заради тоа многу новопечени мајки не можат целосно да го контролираат мочниот меур. Тоа значи дека кога ќе кивате, ќе се закашлате, ќе подигате товар или ќе се смеете гласно од сѐ срце, постои опасност дека ќе испуштите малку урина во гаќичките, барем додека мускулите не зајакнат.

2-teloto-posle-poroduvanjeto-5-promeni-za-koi-zhenite-se-sramat-da-zboruvaat-www,kafepauza.mk_

4. Може да ви пораснат стапалата

Во текот на последните месеци од бременост нозете често натекуваат, а стапалата стануваат пошироки и поголеми. Добрата вест е што после породувањето тие се враќаат во нормала. Но, дека тие ќе станат поголеми за време на бременоста, нема сомнеж. Стапалото може да порасне и за еден цел број, а што ја предизвикува оваа, за жените непосакувана појава, не се сигурни ниту научниците.

5. Интимните делови може да ја променат бојата

Силните хормонални промени кои се случуваат во телото на новопечените мајки телото ги изразува на разни начин. Еден од нив е и значајното темнеење на кожата на брадавиците и на подрачјето околу вагината и анусот. И додека кај некои жени оваа појава после одредено време исчезнува, другите мајки мора да се помират со уште еден „дар од природата“.

Прочитајте ги одговорите на непријатните прашања за породувањето кои сите жени се срамат да ги постават.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар