„Течна диета“: Чудесен план на исхрана за ефикасно губење килограми
Течната диета е доста ефикасна доколку сакате брзо да ги изгубите килограмите. Оваа диета можете најмногу да ја држите две недели и за тоа време ќе намалите од 10 до 15 килограми.
Течната диета го намалува обемот на стомакот и од таа причина лесно можете да го контролирате својот апетит и да изгубите тежина. Таа се базира на консумирање само течна храна, сокови, супи, млечни производи, билни чаеви и вода. Вкупната количина на течности дневно не би требало да биде поголема од 3 литри.
Менито за еден ден треба да изгледа вака, но можете и да го менувате по потреба:
09:00 – 90 грама овесна каша
10:00 – 230 милилитри бистра супа
11:00 – 230 милилитри топла вриена вода
12:00 – 230 милилитри сок кој е разблажен со вода
13:00 – 230 милилитри топла вриена вода
14:00 – 230 милилитри млеко
15:00 – 230 милилитри чај без шеќер
16:00 – 230 милилитри супа без сол
17:00 – 230 милилитри топла вриена вода
18:00 – 230 милилитри топла вриена вода
19:00 – 230 милилитри сок
20:00 – 230 милилитри топла вриена вода
21:00 – 230 милилитри обезмастен јогурт