Претходно
Супа од сладок компир и црвена леќа
Лесна и хранлива, оваа супа од сладок компир и црвена леќа изобилува со одличен вкус и совршена е за загревање на студен зимски ден. Исто така, овоj рецепт е вегански, без глутен и млечни производи.
Потребни состојки:
- 2 лажици маслиново масло
- 1 сечкан кромид
- 1 среден сладок компир исечен на коцки од 1 см
- 3 средни моркови исечени на коцки од 1 см
- 2 мали пашканати исечени на коцки од 1 см
- 2 пиперчиња исечени на парчиња за грицкање
- 2 чешниња лук мелени или рендани
- 3 см реднан ѓумбир
- 1 лажичка сушено чили
- 200 гр црвена леќа
- 2 л топол зеленчуков булјон или топла вода
- сол и бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Ставете ги маслиново масло и кромидот во големо, широко тенџере. Пржете го кромидот на тивок оган 5 минути, додека не омекне. Повремено мешајте.
- Завртете ја топлината на средно и додајте го сладкиот компир, морковите, пашканатот и пиперките и пржете уште 3 минути, често мешајќи. Додајте ги ѓумбирот, лукот и чилито и пржете уште 2 минути.
- Додајте ги леќата, булјонот или водата и малку сол или по вкус.
- Оставете да зоврие, а потоа намалете го огнот. Гответе 20 минути или додека не омекне целиот зеленчук. Повремено мешајте за да спречите лепење.
- Измешајте ја супата додека да ја добиете вашата посакувана текстура и додајте малку врела вода ако е премногу густа.
- Послужете со леб. Добар апетит!
Moжеби ќе сакате да ја пробате и оваа супа од компир за студените месеци.