Претходно
Страчатела сладолед со кафе
Леден деликатес кој е совршен за топлите денови
Потребни состојки:
- 350 мл слатка павлака
- 240 мл млеко
- 110 г шеќер
- 1/2 стапче од ванила (поделенo по должина) или 1 лажичка екстракт од ванила
- 5 големи жолчки од јајца
- 2 лажички инстант еспресо во прав
- 80 г црнo чоколадо
Начин на подготовка:
- Измешајте ги слатката павлака и млекото со ½ од шеќерот во средно длабок сад. Додајте ја ванилата. Оставете смесата добро да се загрее (не да зоврие) и мешајте додека не се растопи шеќерот. Потоа тргнете го садот настрана.
- Ако користите стапче од ванила тогаш поклопете го садот и оставете го отстои 30 минути. Изматете ги жолчките и преостанатата количина шеќер, матејќи на средна јачина, околу 2 минути.
- Постепено матете ја топлата кремава мешавина, а потоа додадете ги жолчките и матете ги заедно со остатокот од крем смесата. Варете ја смесата на средна температура и без престан мешајте ја со дрвена лажица 2-3 минути. Ставете го кремот во чинија.
- Додајте го еспресо правот и промешајте за да се раствори. Оставете да се излади со повремено мешање. Кога кремот е изладен, постепено додавајте го чоколадото и мешајте додека сладоледот не стане шарен. Ставете го во ладилник, а кога ќе се излади добро, тогаш спремен е за јадење.