Стареењето можеби и не е толку лошо
Насекаде низ светот владее мислењето дека постарите луѓе се тажни и непривлечни личности кои се чувствуваат осамено и финансиски ограничено. Но, изгледа дека токму овие постари луѓе не се чувствуваат ни приближно толку лошо колку што мислат помладите… Истражувањето спроведено од Институтот за јавно мислење од Њујорк открило интересни факти за 5-те најпознати митови за стареењето:
1. Постарите луѓе се тажни. Всушност, младите се потажни. Само околу 29% од младите на 18-30 години се опишале себеси како „многу среќни“, во споредба со 44% од луѓето над 65 години.
2. Постарите луѓе мразат како изгледаат. Кога луѓето над 65 години биле запрашани што ги загрижува најмногу, 82% од нив одговориле дека тоа е губењето на меморијата, а само 11% биле загрижени за губењето на нивниот изглед.
3. Постарите луѓе се сиромашни. Вистината е дека тие ниту се чувствуваат сиромашно, ниту пак имаат голем проблем со финансиите. Само 15% од оние над 65 години изјавиле дека одвреме-навреме им е потребна финансиска помош.
4. Постарите луѓе не се во тек со технологијата. И покрај тоа што сите ние сметаме дека мал број од луѓето над 65 години можат да ја следат технологијата, само 15% од испитаниците се согласуваат со ова тврдење.
5. Постарите луѓе се осамени. И покрај тоа што околу 37% од луѓето веруваат дека осаменоста ќе им биде проблем во староста, само 5% од оние над 65 изјавиле дека е.
Роџер Баугарт, извршниот директор на „Home Instead“ изјавил дека неговата компанија побарала реализирање на оваа анкета за да може да се направи разлика помеѓу митовите и реалноста за она што значи да се биде постар во денешно време.
„Мора да постои пореалистичен поглед кон стареењето, бидејќи популацијата на постарите се зголеми од 800 милиони на 2 милијарди луѓе во последниве 30-тина година“, изјави тој.
Ова се дефинитивно добри вести за сите оние кои се плашат од животот по 60-тата година…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.