Стапчиња од кашкавал
Ова е еден од оние рецепти со кој од ништо може да направите нешто. Барем така се вели, иако ви се потребни најосновните состојки. Овие стапчиња се одлични за забави, занимација пред компјутер, грицкање пред ТВ заедно со омилената серија. Многу се лесни и брзи за подготовка. Внимание: Предизвикуваат зависност!
Потребни состојки:
- 100 г брашно
- 100 г путер
- 100 г пармезан (или друг тврд кашкавал)
- 1 ½ лажичка чили во прав или црвен пипер
- 1 жолчка
- сол и бибер
Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 200 Целзиусови степени. Брашното ставете го во длабок сад. Во него, ставете го путерот исечен на мали коцки и со раце мешајте сè додека не се направат трошки од смесата. Потоа, додадете ги ренданиот кашкавал, чилито во прав, солта и биберот, по вкус. Измешајте. На крај, додадете ја жолчката и лесно мешајте ја смесата со врв од остар нож. Потоа, тестото ставете го на набрашнета површина и сукајте го се додека не добие дебелина од 5 мм. Со нож, сечете стапчиња и редете ги во тавче обложено со хартија за печење. Печете 6-7 минути, зависно од јачината на вашата рерна, додека не добијат златна боја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Мешајте со нож… не го разбирам ова баш
super se samo mene mi treba nesto od sto ke mozam da se popravam zato sto sum slaba pa sakam nekoj sovet za zdebeluvanje dijetata e vo trend a za zdebeluvanje nema nitu nisto ve molam koj sto znae neka pise na mojava adresa vaska.stoilova@yahoo.com ve molam
а може ли со растителен кашкавал ?
ве моламмм кажете ми.. кафе паузззооо
Робче, рецептот не е со растителен кашкавал, така што не можеме да ти дадеме гаранција како ќе испадне. Можеш да пробаш, но растителниот кашкавал генерално не е баш вкусен кога се загрева.
фала за одговорот 🙂
абе ги направил некој ,пошо мене не ми се стврднуваат а веќе повеќе од 10 мин ги печам а се исто ставив и направив :/