Спортско, а сепак модерно: Носете пуф елеци оваа зима!

Спортско, а сепак модерно: Носете пуф елеци оваа зима!

Полнетите елеци или како што некои ги нарекуваат пуф елеци, претставуваат спортска варијанта на женски елеци, кои од сезона низ сезона повторно се враќаат на модната сцена. Меѓутоа, дека тие не се резервирани само за носење во спортски варијанти, се потврдило многупати досега. Ние решивме да ви помогнеме и да ви претставиме неколку начини за носење на пуф елеците во текот на оваа зима.

1-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

1. Тие се одлични во црна варијанта

Црната боја секогаш е добар избор. Со оглед на тоа дека пуф елеците знаат визуелно да ве направат да изгледате подебело и пошироко, црната боја е добра за да создаде контраефект. Уште една предност на црната боја се огледува во тоа што со неа може да ги комбинирате сите останати бои.

2-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_4-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_3-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

2. Избирајте елеци со дискретни принтови

Кога ќе се одлучите за елек со принтови, секогаш избирајте дискретни варијанти, бидејќи во спротивно тие може дополнително да ве прошируваат. Исто така, попрепорачливо е да избирате елеци со принт во вид на вертикални пруги, отколку со хоризонтални.

5-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 6-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 7-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

3. Оживете ги

За да ја истакнете на вистински начин својата дневна комбинација, изберете елек со силни или барем впечатливи бои. Меѓутоа, доколку се одлучите за пуф елек во бела боја, тогаш слободно може да го потполните со карирана кошула или некое друго парче со принт, бидејќи на тој начин само тој ќе дојде до израз.

9-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 10-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 8-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

4. Не претерувајте со слоевито облекување

Пуф елеците се доволно гломазни, па затоа кога ќе ги носите не претерувајте со слоевито облекување. Најдобро е да се одлучите за џемпер или кошула, и преку нив да облечете пуф елек, наместо тоа да биде слоевита гардероба која само ќе направи да изгледате покрупно.

11-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 12-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 13-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

5. Облечете пуф елек врз пуф џемпер

Некои варијанти на пуф елеци не се толку полни, па многу лесно можете да ги носите преку пуф џемпери. Оваа зима, овие комбинации се многу атрактивни, па затоа слободно облечете ги во некоја прилика.

16-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 15-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 14-sportsko-a-sepak-moderno-nosete-puf-eleci-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар