Спортски стил и елеганција во само неколку чекори

Спортски стил и елеганција во само неколку чекори

Широки панталони, удобна јакна, патики… Зарем има нешто поубаво и полежерно од спортскиот стил? Доколку сте подготвени да ја прикажете и оваа ваша страна, погледнете ги неколкуте предлози, што ќе ви помогнат да го направите тоа на најуспешен начин.

Спортски стил и елеганција во само неколку чекори

1. Мешањето стилови е најважно

Пред да преминеме на конкретните предлози, мора да напоменеме дека најважното нешто за спортскиот стил е мешањето стилови, односно спортски парчиња облека со шик, женствени и елегантни додатоци. А еве кои се спортските парчиња облека кои се совршена подлога за постигнување на посакуваниот ефект.

Спортска јакна

1-sportski-stil-i-elegancija-vo-samo-nekolku-chekori-kafepauza.mk

Најлесен начин за постигнување на спортско-елегантниот изглед е спортската јакна. Добар избор би биле женските јакни од Најк или Адидас. Лесно се комбинираат и одлично би се вклопиле со шорцеви, здолниште, фустанче или секако, фармерки.

Лежерни панталони или шорцеви

2-sportski-stil-i-elegancija-vo-samo-nekolku-chekori-kafepauza.mk

Секоја лежерна варијанта на панталони или шорцеви е одличен избор за постигнување на овој изглед. Може да ги комбинирате со палто во строги линии и тесни топ маички.

Спортски фустан

Спортски стил и елеганција во само неколку чекори

Зарем постои девојка која не сака фустан? За фустанот навистина да може да се вклопи во спортскиот стил, потрудете се да биде поедноставен и не премногу елегантен. На пример, може да одберете фустан, налик на спортски дрес, кој со штикли ќе изгледа навистина интересно.

Патики

4-sportski-stil-i-elegancija-vo-samo-nekolku-chekori-kafepauza.mk

Патиките се неизбежен дел. На пример, убави тренерки, спортско палто и кратка прилепена маица би биле супер комбинација. Секако комбинациите со кратки сукњички или жешки пантолончиња се тотално секси со патики.

2. Соодветни модни додатоци

Кога станува збор за спортско-елегантниот стил, во никој случај не смеете да ставите златни обетки или чанта со строги линии. Следниве модни додатоци би биле најдобриот избор.

(5) sportski-stil-i-elegancija-vo-samo-nekolku-chekori-kafepauza.mk.jpg

Ранец

Ранецот секогаш е добра опција. Не само што изгледа симпатично и удобно, туку и внатре имате доволно простор за сите неопходни работи.

Платнена чанта на едно рамо

Платнената чанта на едно рамо е уште една добра опција. Најдобро е да одберете некоја еднобојна и поедноставна, наместо шарена и со многу детали.

Бејзбол капа

Бејзбол капата е најдобар начин за постигнување на спортскиот изглед пред сѐ. Ги има во огромен број форми и дезени, така што нема да ви биде тешко да го направите вистинскиот избор.

3. Едноставна фризура

Една од најдобрите работи за овој стил е тоа што не бара комплицирани фризури. Правилото кое важи за косата е: колку поедноставно, толку подобро. Пунџичка, високо опавче, високо странично опавче, опавчиња со плетенки, совршено би се вклопиле во ваквиот изглед.

6-sportski-stil-i-elegancija-vo-samo-nekolku-chekori-kafepauza.mk_

4. Минимална шминка

Зарем би отишле во вежбалница со тон шминка на вас? Секако дека не! Нека шминката ви биде минимална. На очите не ставајте ништо, освен малку маскара. Светла нијанса на кармин или сјај и малку руменило би било сосема доволно за овој стил на облекување.

(7) sportski-stil-i-elegancija-vo-samo-nekolku-chekori-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар