Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

Кога ќе се спомене зборот „рок“, веднаш се помислува на гласна музика во која преовладуваат електрични гитари, облека во црна боја и тексас, кожна јакна, алкохол и бунтовнички дух. Рокерите обично се сметаат за бунтовници кои не почитуваат закони и авторитети и кои воопшто не се префинети или софистицирани. Но, ова воопшто не е така, особено кога станува збор за понежниот пол.

Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

Лед Цепелин – Гитар Бар

Рок стилот има своја нежна и романтична страна која не ја покажува само преку љубовните рок балади. Таа е видлива и преку начинот на облекување и модните додатоци кои можат да се искористат за да го надополнат рок изгледот и да му дадат елегантна нота. И оваа есен чокерите се повторно во мода, но овој пат во комбинација со парчиња облека карактеристични за рок стилот како што се кожна јакна, скинати фармерки, старки и тексас кошула.

Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

Лед Цепелин – Гитар Бар

Чокерите се изработени од страна на S & R accessories, каде што можете да најдете и друг рачно изработен накит за секоја пригода. Спојот на елеганција и бунтовност е совршено отсликан од страна на моделот Бојана Нушкова и фотографката Каролина Пандовска. А доколку сте љубител на рок, џез и блуз музиката и постојано се жалите дека во Скопје нема доволно места каде што можете да излезете, помислете уште еднаш бидејќи сите овие фотографии се сликани во уникатните рокерски кафулиња и барови со кои изобилува нашиот град.

Погледнете ги останатите фотографии кои со сигурност ќе ја разбудат рокерката во вас и ќе ве инспирираат да го зачините вашиот стил со интересен чокер…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Marina Reply

    Od edno kulturno dvizenje napravija moda…a koga gi gledaat onie koi rokot/metalot go ziveat i dishat sekoj den, onda im se gnasni, mrsni i slicni takvi termini. Se prodavaat maici so printovi od bendovi na luge koi mislat deka e toa specijalno za niv dizajnirano. Nosenjeto kozna jakna so metal na nea, i nosenjeto temna sminka i konkretna forma na nakit ne te pravi “roker”. Inspiracijata e slobodna da se izvlece od sekoe kjose na zivotot, ama rezultatot da se prezentira kako adekvatna reprezentacija na temata koja go inspirirala e krajno ne fer.

    • Марија Лукаревска Reply

      Здраво Марина,

      Апсолутно се согласувам дека рок како културно движење е начин на живот, а не стил на облекување. Меѓутоа, конкретно кога станува збор за фотографија, не може на поинаков начин барем малку да се долови рок стилот, освен преку површни нешта како што се облеката и шминката. Поентата е да се срушат стереотипите кои и самата ги наведе (гнасни, мрсни и слично) и да се покаже една поинаква страна на овој правец, како и да се покаже колку е богата рок културата на нашиот град. Се надевам дека ме разбираш.

      Во секој случај, ти благодарам за одвоеното време да ја прочиташ статијата и да искоментираш на истата.

      Поздрав и секое добро,

      Лукаревска

  2. jovana Reply

    Komentarot voopsto ne ti e na mesto. Ocigledno ne mozes da ja razberes celta na fotografiite…Ne moze da kazes deka jaknata i sminkata ne te pravat rok , bidejki vo ovie fotografii e zemen MODEL koj nikoj ne znae kon kakva muzika istiot e predodreden.

Остави коментар