Спасете се од преголемата жештина! Овие материјали ќе ви го овозможат тоа

Спасете се од преголемата жештина! Овие материјали ќе ви го овозможат тоа

На сите ви е добро познато дека полиестерот е материјал кој треба да го избегнувате во лето, бидејќи тој не ѝ овозможува на кожата да дише, а исто така ја задржува топлината. Но, дали знаете кои материјали се најудобни и најпријатни за во лето? Сега ќе ви откриеме и потрудете се тие да станат ваши најдобри пријатели за во лето.

1-spasete-se-od-pregolemata-zheshtina-ovie-materijali-kje-vi-go-ovozmozhat-toa-www.kafepauza.mk_

1. Лен

Многу пријатен материјал кој слободно може да го наречете „вентилаторот“ помеѓу материјалите. Му овозможува на вашето тело да дише и го спречува потењето. Има само еден недостаток – лесно и брзо се гужва, но тоа и не е толку многу важно во горештините.

2. Памук

Одличен избор на материјал за летните месеци. Еден од најпрозрачните материјали што постојат, не ја задржува топлината, т.е. ја впива влажноста од телото и го активира нејзиното испарување.

3. Кепер

Најчесто се произведува од памук или од неговите смеси и се смета за одлична замена за тексасот во лето. Ако и во летниот период не сакате да се откажете од носењето долги панталони, слободно изберете некој модел кој е направен од кепер бидејќи во него ќе се чувствувате многу поудобно.

2-spasete-se-od-pregolemata-zheshtina-ovie-materijali-kje-vi-go-ovozmozhat-toa-www.kafepauza.mk_

4. Вискоза

Едно од најпознатите синтетички влакна кое настанува од остатокот на целулозните влакна и по својот хемиски состав е слично како памукот. Токму поради тоа вискозата е удобна за носење и го „лади“ телото.

5. Свила

Природната ткаенина која дише и е позната по тоа што се прилагодува на температурите, односно во зима, таа ве топли а во лето ве лади. Иако не предизвикува потење, бидејќи е тенка и мека лесно се лепи на испотена кожа.

6. Шифон

Се изработува од различни смеси, а кога е направен од памук и свила претставува идеална ткаенина за изработка на облека за во лето. Најчесто се користи за изработка на фустани и блузи, бидејќи е многу растресен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар