Совршен појадок за уште посовршено утро: Овесната каша ќе стане вашиот омилен појадок!

Совршен појадок за уште посовршено утро: Овесната каша ќе стане вашиот омилен појадок!

Нутриционистите со децении наназад се обидуваат да нè убедат дека ова е најдобриот можен појадок со кој можеме да го започнеме денот. Овесната каша е појадок кој никогаш нема да ве остави со празен желудник, а готова е за само 5 минути. Чинија која обилува со хранливи влакна кои го поттикнуваат варењето, го урамнотежуваат шеќерот во крвта и го јакнат имунитетот, ја споивме со слатки и здрави додатоци за никогаш повеќе да не посакате да го прескокнете појадокот во текот на работната недела. Овој појадок е уште похранлив ако изберете овесна каша со чиа семе, бидејќи тоа е едно од најпрепознатливите претставници на здравата храна.

1-sovrshen-pojadok-za-ushte-posovrsheno-utro-nekolku-idei-zaradi-koi-ovesnata-kasha-kje-stane-vashiot-omilen-pojadok-www.kafepauza.mk_

1. Овесна каша со чоколадо во комбинација со путер од кикиритки

Кашата со чоколадо и чиа семе помешана со путер од кикиритки е вистински десерт за почетокот на неделата. Со овесната каша која се наоѓа на листата на најздрави намирници, путерот од кикиритки со своите здрави масти ќе ве подготви за уште еден успешен понеделник.

2-sovrshen-pojadok-za-ushte-posovrsheno-utro-nekolku-idei-zaradi-koi-ovesnata-kasha-kje-stane-vashiot-omilen-pojadok-www.kafepauza.mk_

2. Овесна каша со малини во комбинација со фстаци и павлака

Малините сами по себе се идеални за губење на вишокот сантиметри околу струкот и колковите, а овесната каша со малини и чиа семе долго време ќе ве држи сити. Оваа комбинација помага во намалувањето на дневното внесување калории и во целта до посакуваната тежина. За сите оние кои сакаат хранлив, а пријатен појадок, предлагаме да додадете и павлака која е полна со протеини, а целата смеса да ја посипете со фстаци кои се моќен сојузник во забрзување на метаболизмот.

3-sovrshen-pojadok-za-ushte-posovrsheno-utro-nekolku-idei-zaradi-koi-ovesnata-kasha-kje-stane-vashiot-omilen-pojadok-www.kafepauza.mk_

3. Овесна каша со јаболка и цимет во комбинација со банана и јогурт

Овесната каша со зимски вкус и мирис на јаболка и цимет е идеална за деновите кога ви е потребна утеха за да издржете до викендот. Во овесната каша наједноставно е да додадете банана која е чест гостин во многубројни овесни појадоци. За да не остане само на тоа, во чинијата додајте и јогурт. Бидејќи стресот и лошата исхрана може да ја нарушат рамнотежата во организмот, многу е важно дополнително да земате пробиотици кои се наоѓаат во јогуртот.

4-sovrshen-pojadok-za-ushte-posovrsheno-utro-nekolku-idei-zaradi-koi-ovesnata-kasha-kje-stane-vashiot-omilen-pojadok-www.kafepauza.mk_

4. Овесна каша со брусница во комбинација со посно сирење и јаворов сируп

Едно од најздравите шумски плодови, брусницата, ви предлагаме да ја комбинирате со посно сирење кое има мала калориска вредност и јаворов сируп, еден од најздравите засладувачи.

5-sovrshen-pojadok-za-ushte-posovrsheno-utro-nekolku-idei-zaradi-koi-ovesnata-kasha-kje-stane-vashiot-omilen-pojadok-www.kafepauza.mk_

Погледнете зошто за овесната каша се вели дека е појадок за слабеење и одржување на ситост во текот на целиот ден.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар