Советите кои Бил Гејтс би ги дал на помладата верзија од себеси
Тој е еден од најбогатите луѓе во светот и претставува инспирација на милиони млади луѓе кои сакаат да го доживеат неговиот успех. Но, доколку го прашате него, тој би сменил некои работи доколку може да се врати низ времето.
Повеќето од нас би прифатиле совет од Бил Гејтс без разлика на областа во која работиме. Но, што овој милијардер би го советувал младиот Гејтс? Ова се некои работи за кои Гејтс вели дека би сакал да ги знаел порано.
Да биде повеќе свесен за себеси
Доколку може да се врати назад во времето, Бил Гејтс би се обидел да биде посвесен за себеси без да ја изгуби желбата за учење.
Да разбира дека постојат различни видови вештини
Порано, Гејтс сметал дека доколку некој има висока интелигенција, треба да биде добар во сѐ. Тој сѐ уште е воодушевен од фактот дека успехот доаѓа со комбинација од вештини. Да се биде паметен не е доволно.
Интелигенцијата има различни облици
Гејтс би сакал да знае порано дека интелигенцијата има повеќе различни форми. Таа не е еднодимензионална и не е толку важна како што тој мислел порано.
Сите луѓе се адаптираат различно
Водејќи се од сопственото искуство, Гејтс научил дека на некои луѓе им е потребно подолго време да се адаптираат на околината.
Во светот има нееднаквости
Во една објава на Твитер, Гејтс признава дека кога бил млад малку знаел за нееднаквостите кои постојат во светот. „Ми беа потребни децении за да научам“, вели тој.
Луѓето кои ве предизвикуваат се важни
Гејтс ги советува младите да бидат околу луѓе кои ги предизвикуваат и ги поттикнуваат да бидат подобри.
Вработувајте луѓе со различни знаења
За време на едно интервју во 2017, Бил Гејтс кажува дека секогаш вработувал луѓе со слични вештини додека бил млад. Тој мислел дека доколку се паметни, вработените може да научат да работат што било. Но, сега тој ги советува работодавците да вработуваат луѓе со различни вештини и знаења.
Баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот
Пред дваесет години, Гејтс останувал во канцеларијата со денови и не забележувал негативни последици поради младоста. Но, доколку би можел, би го променил тоа и би издвојувал повеќе време и за редовна физичка активност.
Дознајте и од кои лоши навики се откажал Бил Гејтс пред да стане успешен.