Совети за трчање во летните горештини

Совети за трчање во летните горештини

Летото е извонреден период за трчање на отворено во кој горештините можат да бидат голема пречка и да ве одвратат од оваа прекрасна активност. Наместо да се откажувате, применете ги следните неколку совети и уживањето во летното трчање нема да изостане.Совети за трчање во летните горештини

Трчајте кога температурите не се премногу високи

Излезете на трчање рано наутро или приквечер кога заоѓа сонцето. Тогаш температурите се спуштаат за неколку степени, па полесно се трча. Ако излезете рано наутро, уште пред појадокот ќе можете да ги завршите предвидените вежби за тој ден. Ако не можете да станете рано, тогаш одете приквечер и уживајте во зајдисонцето додека трчате. Доколку во близина имате осветлена патека, разгледајте ја и опцијата за ноќно трчање, кога температурите се најмалку високи во текот на сите 24 часа.

Трчајте под сенка

Трчањето по шумските патеки или оние во парковите вообичаено е попријатно во споредба со останатите, поради тоа што сенките од дрвјата ги одржуваат температурите на пониско ниво.

Пијте многу вода

За време на трчањето се губи многу вода која на организмот му е неопходна да ги заврши сите метаболички процеси. Пијте многу вода во текот на целиот ден, а особено пред и по трчањето. Доколку не ви пречи, би било убаво ако можете да носите и некое шише со вас.Совети за трчање во летните горештини

Употребувајте крема за сончање

Силното УВ-зрачење на сонцето во жешките месеци е пречка воопшто да излегувате во најголем дел од денот. Дури и да трчате кога сонцето не е највисоко на хоризонтот, не заборавајте да ставите крема за заштита од сончевите зраци, затоа што може да предизвика непријатности кои ќе ве вратат дома порано одошто сте планирале.

Одберете соодветна облека

Летното трчање ќе ве испоти повеќе од вообичаено, па затоа добро е да облечете материјал кој лесно се суши. Тоа нека биде во некоја посветла боја. Не заборавајте да ставите и капа, затоа што таа успева да ја одржи температурата на главата на нормално ниво и спречува сонцето да стигне до вашето лице.Совети за трчање во летните горештини

Приспособете го темпото

Нормално е во екот на летните горештини да почувствувате дека не можете да го следите вашето вообичаено темпо на трчање. Тоа не се должи на пад во кондицијата, туку на сувиот воздух и неподносливото време. Затоа обидете се да го приспособите темпото на тоа што може да го издржи организмот во такви услови.

Не игнорирајте ја болката

Додека трчате може да почувствувате мачнина, болки во мускулите, па дури и вртоглавица. Овие симптоми укажуваат на тоа дека сте се префорсирале или дека горештините ве совладуваат. Кога ќе ги почувствувате, не ги игнорирајте и упатете се накај дома.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар