Совети за справување со недостатокот од мотивација и ентузијазам

Совети за справување со недостатокот од мотивација и ентузијазам

Сигурно некогаш ви се случило да ви недостасува мотивација и ентузијазам за реализирање на вашите соништа и цели. Еве ги вообичаените причини за вашиот недостаток на мотивација и како можете да ги надминете.

Совети за справување со недостатокот од мотивација и ентузијазам

Кога ви недостасува мотивација, станувате пасивни, несреќни и не остварувате никаков напредок. Од друга страна, мотивацијата и ентузијазмот се движечките сили кои ве поттикнуваат да преземете акција и да ги следите целите. Дали често се прашувате зошто ви недостасува мотивација?

Не можете да ги обвинувате другите луѓе ако ви недостасува ентузијазам да дејствувате и да ги следите целите. Треба да најдете начин да се мотивирате. Недостатокот на мотивација и ентузијазам е ситуација која може да се појави во секој аспект од животот, дома, на работа, во односите со другите, во остварувањето цели и во сè друго. Ова често создава рамнодушност, несреќа и незадоволство.

Причини за недостаток на мотивација и ентузијазам:

1. Недостаток од самодоверба во поглед на сопствените способности.

2. Страв од неуспех поради неуспех во минатото.

3. Страв од она што другите би можеле да го кажат.

4. Навика за одложување.

5. Мрзеливост.

6. Чувството или верувањето дека има други поважни работи што треба да се направат.

7. Присуство на стрес и нервоза.

8. Недостиг на инспирација.

Можете да научите да ги надминувате и игнорирате горенаведените причини со тоа што ќе станете свесни за нив и ќе ги признаете.

Понекогаш, постојат кратки моменти на мотивација или ентузијазам. Почнувате да се однесувате ентузијастички, но губите интерес и мотивација по некое време бидејќи ви е тешко да ја одржите.

Ако сакате да го подобрите вашиот живот потребен ви е поттик за следење на вашите големи соништа, а исто така и за извршување на помалите секојдневни задачи и задолженија. Во спротивно, нема да можете да им се спротивставите на мрзеливоста, одолговлекувањето и недостатокот на енергија и волја кои кога-тогаш ќе се појават.

Наместо да страдате, да се чувствувате непријатно и пасивно, би било многу подобро да создадете доволно мотивација за да преземете акција и да правите работи. Ова ќе направи да се чувствувате многу подобро, среќно и задоволно.

Откријте каде ви е потребна мотивација

1. Треба да размислите и да откриете во кој аспект од вашиот живот се соочувате со недостаток на мотивација. Ова значи да откриете што навистина ви е важно и кои активности треба да ги следите, за да го подобрите вашиот живот, но и животот на луѓето околу вас.

2. Размислете и откријте кои се вашите вистински цели во животот, но не заборавајте да го фокусирате вашето внимание и на малите нешта.

Размислете за вашиот секојдневен живот, за вашата работа, за работите што треба да ги правите, задачите и целите и запрашајте се каде имате енергија, а каде ви недостасува. Онаму каде што има недостаток на енергија и ентузијазам, тоа е местото каде што треба да се фокусирате, да се обидете да ги пронајдете причините и да преземете акција за да ја поправите ситуацијата.

Надминување на недостатокот на мотивација и ентузијазам во секојдневниот живот

Правењето мали, или не толку важни работи, кои обично ги избегнувате, може да ви помогне да ја зголемите вашата внатрешна сила. Кога ќе порасне вашата внатрешна сила, ќе можете да си наметнувате себеси и поголеми задачи, дури и ако не сте доволно мотивирани.

Еве неколку примери:

1. Сега измијте ги садовите наместо подоцна.

2. Сега фрлете го ѓубрето наместо подоцна.

3. Исклучете го телевизорот и излезете да прошетате.

4. Исчистете го вашето работно биро.

5. Сега почнете да ја читате книгата која веќе подолго време сакате да ја прочитате дури и ако во моментов сакате да правите други работи.

Ова ќе ја зголеми вашата внатрешна сила и способноста да престанете да бидете пасивни.

Еве една корисна вежба:

Посветувајте неколку минути дневно визуелизирајќи се себеси како правите нешто што сакате да го направите, но немате ентузијазам и енергија да го правите тоа. Замислете се себеси како делувате ентузијастички и енергично. Повторете го ова ментално сценарио од ден на ден.

Ако целосно го насочите вашето внимание на оваа вежба вашиот потсвесен ум постепено ќе ја прифати менталната слика како реална и ќе разбуди ентузијазам во вас.

Откако прочитавте за нашите совети во врска со недостатокот на мотивација и ентузијазам, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мотивацијата е една од најмоќните алатки што може да ја поседува секој од нас.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар