Совети за релаксација и уживање: Деновите ќе ви се исполнат со среќа, а срцето со љубов!
Пристигнува зимата, а заедно со неа и ладното време. Деновите стануваат сè пократки, постудени, помрачни… Нормално е да западнете во мала депресија и да покажете носталгија по сончевото време. Но, тоа воопшто не мора да биде така. Со помош на некои мали ритуали кои ќе ги воведете во вашето секојдневие, тмурното расположение ќе заврши, а вашите денови ќе започнат да се исполнуваат со среќа и љубов.
1. Создадете нова рутина
Доколку веднаш штом ги отворите очите започнувате да ги проверувате пораките и работните повици, можеби е време да ги промените вашите навики. Зошто драгоцените утрински моменти не би ги искористиле за подготвување здрав појадок или пак за слушање на омилените песни? Ова мала промена може да допринесе до создавање на потполно нова енергија со која ќе влезете во новиот ден.
2. Средете го работното место
Нередот потсетува на недовршени проекти, што може да создаде чувство на анксиозност и нерасположение. Освен тоа што средувањето ќе направи вашата работна маса да изгледа поубаво, исто така ќе помогне да се ослободите од големиот број непотребни хартии кои ви го зафаќаат работниот простор.
3. Истегнете се
Истегнувањето пред спиење ќе го подобри вашиот сон, а исто така ќе ги покрене и заспаните мускули, па наредното утро полесно ќе го преживеете станувањето од креветот.
4. Потпрете се на пријателите
Барањето на поддршка од пријателите предизвикува лачење на хормонот за среќа и го намалува нивото на стрес. Барем така ни велат одредени психолошки истражувања.
5. Затоплете се
Студиите покажаа дека замотувањето во ќебе или јорган може позитивно да влијае на смирувањето на нервниот систем.
6. Приредете чајанка (и тоа секој ден)
После работа, пригответе го вашиот омилен чај, односно водете релаксирачки разговор со вашите родители, партнер или најдобра другарка.
7. Уживајте во моментот
Мислите само на она што се случува токму сега! Многу често се случува да му допуштиме на сопствениот ум да крои можни сценарија за иднината, што може да биде причина за лошото расположение.
8. Водете љубов
Самозадоволувањето ќе ја направи својата магија, но односот со вашиот партнер навистина е невозможно да го замените или да го споредите со што било друго. Секогаш пронајдете време за љубов.
9. Почестете се со масажа
Да, вие го заслуживте тоа!
10. Танцувајте
Пуштете музика, облечете тренерки и разбушавете ја косата! Времето кое го минувате сами во домот, е време кога можете да се глупирате пред огледалото. Попуштете ја музиката и оставете ја танцувачка кралица да го освои подиумот!
11. Наполнете ја кадата
Ништо не делува така релаксирачко како топлата купка и вашиот омилен мирис. После напорниот ден едноставно наполнете ја кадата и уживајте во времето кое сте го издвоиле само за себе.
12. Пронајдете хоби
Префрлете го фокусот од проблемот кон нешто што секогаш ќе ве израдува. Без разлика дали е тоа пишување, цртање или одење во теретана, хобито делува како одмор од напорната и досадна реалност.
13. Избегнувајте го утринското кафе
Доколку кафето е дел од вашата утринска рутина, тогаш од ден на ден го зголемувате нивото на кортизол, кој дополнително ќе ви изрази чувство на замор и ќе ви предизвика стрес.
14. Медитирајте
Не мора да бидете Буда за да седите во тишина и да ги согледате вашите размислувања од туѓа перспектива. 5 минути медитација дневно ќе имаат позитивно влијание на вашето расположение и доживување на околината.
15. Направите нова плејлиста
Доколку секоја песна на вашиот телефон сте ја научиле напамет, тогаш е време да симнете нова музика или да се препуштите на изборот, на секогаш достапните, радио станици.