Совети за поттикнување на креативноста

Совети за поттикнување на креативноста

Чувствувате како вашата креативност опаѓа? Не се грижете. Тоа ни се случува на сите нас понекогаш. Кога немаме никакви креативни идеи и чувствуваме дека мозокот ни е исклучен, ние најчесто легнуваме да спиеме или гледаме некој филм или телевизиска серија. Бидејќи тоа не придонесува за поттикнување на креативноста, еве неколку совети кои го имаат посакуваниот ефект.

Совети за поттикнување на креативноста

Медитирајте

Медитацијата, ако ја правите правилно, придонесува да се чувствувате освежено. Таа му дава позитивен правец на мозокот да се фокусира кон креативни нешта.

Совети за поттикнување на креативноста

Заборавете ги проблемите

Проблемите и стресот кои ги имате, застануваат на патот на вашата креативност. На лист, напишете ги сите работи кои ве мачат и потоа, листот запалете го. На друг лист напишете ги вашите цели и планови, како и времето кога сакате да ги остварите. Ова ќе ви овозможи чист ум, а вие ќе бидете повеќе креативни и со намален стрес.

Совети за поттикнување на креативноста

Играјте и креирајте

Играјте со креативни играчки, како лего коцки и танграм. Свирете некој инструмент. Ова ќе овозможи да размислувате апстрактно и којзнае, може ќе смислите нешто навистина големо.

Совети за поттикнување на креативноста

Променете го начинот на размислување

Размислувајте како панкер или рокер. Ослободете се од секакви правила, но сепак, не правете ништо надвор од законот. Обидете се да размислувате надвор од границите и тоа дефинитивно ќе резултира со повеќе креативност.

Гледајте подлабоко во цртежите на малите деца

Да, така е. Кога дечињата цртаат на лист хартија, тие тоа го прават без никакви надворешни влијанија и правила. Тоа што тие го цртаат е само резултат на нивниот висок креативен набој и инспирација.

Совети за поттикнување на креативноста

Запрашајте се „што ако…“

Секогаш поставувајте си го ова прашање. Замислете како на луѓето пред 1000 години им кажувавте дека еден ден ќе постојат телевизори, компјутери, мобилни телефони, луѓе кои патуваат на месечината. Би помислиле дека сме лудаци. Имајте на ум дека во животот сѐ е возможно и дека во светот сѐ може да се случи.

Почувствувајте како крвта ви струи низ вените

Направете си топла бања и миризлива купка. Штом ќе почне крвта да ви струи низ вените, истото ќе се случи и со креативноста.

Пробајте нови јадења

Сигурно никогаш не сте пробале некое јадење од Корејската кујна. Пробајте да зготвите некој таков рецепт наредниот пат.

Совети за поттикнување на креативноста

Направете го секојдневното, несекојдневно

Сте завршиле со обврските и си одите дома? Тргнете по друга уличка која исто така води кон вашиот дом. Тесни улички и широки булевари дефинитивно ја поттикнуваат креативноста.

Судниот час

Смртта е многу моќна мотивирачка алатка. Ако докторот му каже на неговиот пациент дека му преостануваат уште 10 години од неговиот живот, што мислите дека пациентот би направил? Тие 10 години ќе ги цени колку вредноста на дијамантите во светот. Па затоа, ако за миг би помислиле дека утре ќе ве нема, сигурно ќе направите и создадете многу креативни нешта.

Совети за поттикнување на креативноста

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар