Совети за порелаксирани утра

Совети за порелаксирани утра

Времето не е секогаш на наша страна, особено во оние растрчани и стресни утра кога буквално не можеме да најдеме ништо во сопствениот дом. Избегнете ги нервозните утра со помош на овие совети кои заштедуваат време и започнете го денот релаксирани и со насмевка!

Совети за порелаксирани утра

1. Најпрво средете ја косата

Шминката можете да ја понесете со вас и да се досредите по пат, но тешко дека ќе можете си ја понесете пеглата за коса. А и кога имаме средена фризура, половина работа е завршена.

2. 3-минутна рутина за шминкање

Секогаш имајте ги при рака продуктите коишто најмногу ги користите. Крема, пудра и руменило е доволно да изгледате посвежо за многу кратко време. Моливчето за очи, тушот или маскарата лесно можете да ги сместите во ташна доколку ви треба подоцна дополнително дотерување.

3. Чувајте резервни клучеви во ташна

И да ги заборавите оние што редовно ги користите нема потреба да се грижите, секогаш имате резервни!

4. Секојдневните додатоци на дофат

Сите имаме некој драг предмет за којшто сме врзани, па најдобро е да го чувате, на пример, омилениот часовник на масичката до вратата или на некое друго видно место и нема да го заборавите.

5. Одлучете што ќе носите уште претходната вечер

Ова најверојатно ќе ви заштеди најмногу време наредното утро и нема беспотребно да губите време барајќи вратоврска што ви одговара со кошулата и слично.

6. Ужинка при рака

Чувајте си мусли бар, пакетче инстант кафе или која било друга ваша омилена ужинка на дофат, па и да немате време за доручек, секогаш ќе имате резерва енергија во близина.

7. Навреме и расположени

Наместо типичен тајмер за да ве потсетува уште колку време имате, можете да си креирате омилена листа со песни коишто ќе траат онолку време колку што имате за спремање. Со секоја наредна песна ќе знаете уште колку точно време имате на располагање.

8. Бидете уредни

Секојдневните обврски знаат навистина да нè исцрпат, но колку посреден ни е просторот во кој живееме толку полесно функционираме. Потрудете се секогаш нештата да ги вратите на нивното место.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар