Совети за одгледување собни растенија – Филодендрон
Филодендронот (Monestera deliciosa) претставува растение кое потекнува од шумите на Средна Америка, поконкретно Мексико. Со своите раскошни листови, погоден е за чување во поголеми простории, хали и ходници. Терминот deliciosa се однесува на тоа дека растението има јадливи плодови кои се јавуваат кај постарите растенија. Плодовите се жолти до бледо кафени. Ако ги оберете прерано имаат вкус на окасална киселина, а предоцна, веќе се трули. Филодендронот е растение кое бара многу влага и храна и има потреба од некаква потпора за да може убаво да се развие. Еве неколку корисни информации за вашиот Филодендрон:
- Најдобра местоположба за него е позади ролетни или завеси, никако директно изложен на сонце. Оптималната температура е 20-35 степени Целзиусови.
- Во зимскиот период растението не толерира температури под 12 степени. Пожелно би било да го внесете дома бидејќи централното греење не му пречи.
- Филодендронот не мирува. Единствено во зимскиот период ширењето на листовите е редуцирано.
- Што се однесува до храната, најправилно би било да го храните со хумус или да го засадите во тресетишна земја. Осигурајте се дека ќе одберете голема и длабока саксија бидејќи брзо расте и развива големи корења.
- Наводнувајте го често преку целата година. Филодендронот сака вода. Дохранувајте од март до септември.
- Се размножува лесно. Коренот се развива без поголеми тешкотии.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Ve molam ako moze da napisete statija za drvo na zivotot