Совети од Мерлин Монро: 5 чекори за неодоливи усни
Погледнете го овој трик кој Мерлин Монро го користела со цел да има прекрасни усни кои можат да привлечат сечие внимание. Доколку внимателно ги следите чекорите, вие за само неколку минути ќе имате пополни и поистакнати усни на кои никој нема да може да им одолее…
Чекор 1 – Потцртајте ги усните
Откако ќе им направите пилинг на вашите усни, исцртајте линија околу нив со најтемното моливче за усни кое го поседувате. Колку е тоа потемно, толку повеќе ќе создаде илузија на длабочина.
Чекор 2 – Создадете основа
Со помош на црвено моливче во нијанса на бојата на цигла, обојте ги усните во границите на моливчето. Фокусирајте се на краевите на усните и со помош на мали и кратки движења бојте од надворешноста кон центарот.
Чекор 3 – Спојте ги боите
Со вашата најсилна црвена боја, почнете од центарот на усните и со кратки движења нанесувајте ја кон надвор. Бидете внимателни да не се доближите премногу блиску до надворешноста на усните (не сакате да ја избришете длабочината која сте ја создале), но сепак обидете се што е можно повеќе да ги споите боите со цел да не се забележува разлика.
Чекор 4 – Осветлете
Со помош на четка или со вашите прсти, нанесете сјај на средината од вашата долна усна. На овој начин ќе создадете илузија дека вашите усни се пополни и со тоа ќе го привлечете вниманието кон центарот на вашите усни, правејќи ги да изгледаат поголеми.
Чекор 5 – Хидратација
Нанесете проѕирен балсам за усни со цел да ја вратите влажноста на вашата уста. Балсамот ќе предизвика вашите усни да изгледаат здраво и хидрирано и ќе го задржи подолго време карминот на нив.
Завршен изглед
На овој начин вашите усни ќе изгледаат поголемо и посјајно, исто како усните на Мерлин Монро.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.