Сомбре - новиот хит начин на фарбање на косата

Сомбре – новиот хит начин на фарбање на косата

Сомбре е начин на бојосување на косата така што прамените се посветли во долниот дел од косата, а нагоре благо, постепено и суптилно преминуваат во природната боја кон темето.

1-sombre-noviot-hit-nachin-na-farbanje-na-kosata-kafepauza.mk

Сомбре веќе неколку месеци носат многу актерки, пејачки и старлети, па доколку и вие сакате да го испробате, ви треба само добар фризер кој ќе може беспрекорно да ја изведе техниката.

Сомбре техниката е слична на омбре, со таа разлика што на косата се нанесува посветла боја на долниот дел, но за разлика од остриот премин кој можевме да го забележиме кај омбрето, овде тоа изгледа поелегантно и малку поформално, давајќи ѝ на косата „исончан“ ефект. Светлите прамени во долниот дел постепено се шират нагоре кон темето, па на тој начин се постигнува природен ефект и бујност.

2-sombre-noviot-hit-nachin-na-farbanje-na-kosata-kafepauza.mk

Сомберто е всушност меко омбре, оттаму е и името s(oft)ombre. Традиционалното омбре каде што врвот на косата е темен, а врвовите светли со благо спојување помеѓу, еволуираше во нешто многу посуптилно, подобро поврзано и со многу подобра текстура. Посветлите делови се креваат повисоко, особено околу лицето, додека кај кратките фризури се создава ефект на ленти кои меѓусебно се испреплетуваат. Овој стил е многу полесен избор за многу девојки и жени, изгледа поприродно и ја истакнува текстурата на косата и слоевите на фризурата.

4-sombre-noviot-hit-nachin-na-farbanje-na-kosata-kafepauza.mk

Покрај тоа што сомбре можат да носат русокоси, техниката изгледа одлично и применета на бринети, давајќи им меко-златни, медени и карамел нијанси на врвовите, при што девојките не мора да се грижат за корените. Сомбрето е напредна, развиена верзија на омбре и е соодветен избор и за жените кои работат во покорпоративни средини.

3-sombre-noviot-hit-nachin-na-farbanje-na-kosata-kafepauza.mk

Па ако не бевте доволно храбри да испробате омбре стил или сакате малку да го разиграте вашиот омбре изглед, одете на фризер и побарајте сомбре. Со сигурност ќе бидете задоволни од промената.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Avenged Reply

    ОМБРЕ*

    • Кафе пауза Reply

      Текстот е за СОМБРЕ. Разликата е објаснета.

Остави коментар