Солен пилинг за лице и тело: Рецепт за младешка и негувана кожа
Летото е период кога најголем дел од кожата ни е изложен на сончеви зраци, поради што треба да посветиме особено внимание на нејзиното негување. Благодарение на солениот пилинг за лице и тело, кожата во текот на летните месеци ќе остане доволно хидрирана и ќе ја задржи својата нежност. Солениот пилинг е едноставен за правење и за користење.
Потребни состојки:
- 100 грама морска сол
- 200 грама ладно цедено маслиново масло
- 10 капки етерично масло од лаванда
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа земете од пилингот и со нежни кружни движења измасирајте го целото тело. Пилингот е најдобро да се исплакне со млака вода и кожата сама да се исуши, без бришење.
Карактеристики:
Ситната морска сол ќе ги отстрани мртви клетки и грубата кожа, особено на лаковите, на стапалата и петите. Солта во содејство со етеричното масло од лаванда ќе делува антибактериски, а лавандата ќе овозможи лесно чувство на свежина на телото. Кожата веднаш ќе го впие маслиновото масло, а тоа ќе ја збогати со своите корисни состојки, како што се витамин Е и ќе овозможи задржување на нејзината влажност.