Содржи малку калории: Кремаста чоколадна торта што има една тајна состојка

Содржи малку калории: Кремаста чоколадна торта што има една тајна состојка

Повеќето луѓе сакаат чоколадни торти, но овој десерт е нешто што не сте го пробале претходно.

Содржи малку калории: Кремаста чоколадна торта што има една тајна состојка

Потребни состојки:

За кората:

50 грама јаткасти плодови (по избор)

50 грама кокосово брашно

30 грама кафеав шеќер

За фил:

200 грама авокадо

60 грама засладувач

30 грама какао во прав

20 грама кокосово масло

прстофат ванила

прстофат цимет

150 грама црно чоколадо

Начин на подготовка:

Во блендер измешајте ги сите состојки за кората, па ставете ја смесата во калап за торта и распоредете ја рамномерно. Излупете го авокадото и ставете ги во блендер сите состојки за филот (освен чоколадото). Мешајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа растопете го чоколадото во посебен сад и измешајте го со филот. Нанесете го филот рамномерно на кората. Оставете ја тортата да стои во фрижидер неколку часа, а потоа уживајте.

Погледнете го најлесниот рецепт за крцкав печен компир.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар